тамам прил.

тамам (прил.)

Тамам минуваше крај една висока авлија преку која се надаваа бујни јорговани и над којашто се извишуваше трикатна куќа со фасада на којашто преовладуваше избледена сина боја со два балкона искомбинирани од мермер и ковано железо, чу како крцна дрвената порта на горниот крај на авлијата, украсена со ковано железо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега внимателно Србин ја здобави и тамам почна полека да ја врати матарката за да може камчето со лизгање некако да излезе одвнатре, кога, оној од зад ѕидот рече на цел глас: - Што се шуњате овде мајку вам вашу!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таман што кумот ја крева ногата да заигра и зинува да запее Антица се пушта од орото и почнувајќи од кумот та до кумата и старосватицата им бацува рака и потоа се фаќа на орото.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тамо имало едно големо блато и во блатото илје и милје имало жаби и други водни животники, тамам за штрковите гозба.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Боге попушти да притиска на педалот за гас кога стрелката на патот му се изгуби пред очи, но колата ги фаќаше свиоците како нишалка на рингишпил - тамам мислиш ќе излета таа ќе се врати и ќе се исправи, и во наредниот момент е подготвена да ја повтори истата игра на другата страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таман во муграта излегоа од село и открачија колку да не ги втасаат дрварите нагоре и веќе забеле зората.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Немајќи друг избор, се вртам уште еднаш да погледнам кон Сатирот и тамам погледнав на која колчето на коешто седеше кога одеднаш еве го Сатирот зад мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Близу до таа планина имало и едно поленце што било полно со скакулци од најголемите, - тамам за рана на штрковите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тамам се расположи, ја одврза шамијата од под брадата, и кога беше готова да се предаде на пријатноста на ладот,чу како нешто во коријата зашуме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ама и водарките пуштија чекор и таман на ќошот од Влашкиот ан — среќа!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ми даде ќебе и си ги слече чизмите иако јас не му ги барав. Кога ги облеков таман ми беа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Пред него се велеше спроти сонот и јавето Ама тој прв рече спроти јавето и сонот А после рече сонот против јавето или јавето против сонот И шуќур што јас си живеам на евкалиптус И си брстам ментолни лисја таман колку што треба А ако живеев на секвоја Секако трипати помалку ќе спиев И во долгото јаве ќе морав нешто и да работам Скраја да е секвојата и се гледа богати
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Хајдегер не ја разбираше баш оваа луда трка на зелките, не знаеше колку време сака зелената зелка да стане кисела зелка, расол и како што не беше сигурен дали новиот качкет му е тамам така и шепотејќи сам си се прашуваше дали навистина секое мисловно мислење е поезија и секоја поезија е мислење?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Па таман толку еден среден орач наоѓа во Витолишча што кале цела година по полето со сето семејство.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таман мислиш си избегал од една мака, друга те повлекла.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јадицата на мушичката беше лична како цурајка со окце - тамам да зинеш и да ја лапнеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И чанти, ранци со спортска опрема... купишта, па кога ќе се тргне од сабајле, сите влечат и, тамам помислуваш дека празното претсобје е фатаморгана, веќе во следниот миг знаеш дека ломот што го гледаш во кујната е вистинската реалност.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таман Коте го палеше лулето со едно гламче извадено од огништето кога некој засенчи на прозорецот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Или само знаев дека би ми го рекол зашто тамам мислев дека се спасив од онаа ѓупштина што ми бербатеше по куќата, кога, ги слушнам некаде зад куќата од каде што ќе влезат во задните простории.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таман сум заспала, ете го стражарот и ме буди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе