танцов прид.

танцов (прид.)

Петнаесет танцови друштва на пчели брмчат стотици тегли мед.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Насловот го дава клучот – повремените птичји песни на потполошки, кукавица и чуруга, сцената кај потокот, тешко дека би можеле да бидат неразбрани, додека танцовата музика во третиот дел, како и бурата со своите претчувства на ужас, јасно го пренесуваат своето значење и на оној со просечна интелигенција.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Три дами во црвени чевлички на танцовиот подиум ја разредуваат темнината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
При училиштето се формира хор, танцова и рецитаторска група.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)