тајно прил.
тајност ж.

тајно (прил.)

Еднаш тајно ја мина границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Целта на друштвото беше неговите членови да се запознаат и да си изработат една програма што ќе ја реализираат во Македонија тајно од српската пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите Македонци од српската пропаганда ќе бидат на страната на новото течење: органите на пропагандата ќе сочувствуваат тајно, а неплатените Срби ќе ја исповедуваат својата македонска народност јавно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пеш по светот поема Песна прва Греј, о мила месечино, сјајно, греј и огреј ми страден род, во мачна душа шепни му тајно за дните нови под златен свод.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Само за нокте едно помести го средето на светот, и тоа веќе не е среде, и писмото тајно се брише, не се виѓава. Сѐ што гледаме сведочи за невидливото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нападот ќе го извршиме, се разбира, тајно.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Владетелите на оние градови кои граничеле со вода, потплатувале бродари да ги соберат лудите, и така бродовите пловеле со несреќниците врзани на палубите, кои ако ги преживееле жедта и гладта, ако не биле покосени од ветерот и студот, биле тајно истоварувани на првото пристаниште, а ако тоа не било можно, ги исфрлале на некое ненаселено копно, или ги фрлале во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пароксизмот на сталинистичката гротеска ми беше приреден токму во родниот град, при самото минување на истата граница која, пред триесет и седум години, во времето на фашизмот, ја минавме тајно, низ Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во 1889 година бројот на стипендијантите на тоа друштво се зголеми, за да се намали по неколку месеци: во ноември месец на таа година околу 40 души ученици Македонци едни тајно, други јавно и демонстративно, поминаа од Белград во Софија за таму да учат (се разбира, со бугарски пари).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се вратив во реалноста и почувствував страв - девојките на моето време, кога немажени остануваа бремени, се самоубиваа за да го сочуваат семејството од срам; или отфрлени од семејствата заминуваа од дома и заработуваа како проститутки; или тајно абортираа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во 1868 година Србија тајно преговара со бугарскиот Букорешки комитет за создавање на една јужнославјанска држава во која покрај Србија и Бугарија ви влегле уште и Тракија и цела Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, се разбира, сето тоа мора да се одвива претпазливо и тајно...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Имаше слушнато дека Југословенките и Унгарките во Идн Парк тајно зборувале за мистериозни магии и љубовни напивки, што ги маѓепсувале луѓето со силна љубовна заслепеност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Границата долго време не се менуваше, се менуваа само генерациите кои успеваа тајно да ја минат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Обичното парење не значеше многу, сѐ додека беше тајно и лишено од радост и сѐ додека во него беа замешани само жени од пониската, презрена класа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се расплака Тошо тајно со солзи во око сјајно за мене тука место нема кучето Тарзан ми го зема.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кланицата, потајниот говор на реката и сталното фучење на ветерот низ клисурата, го правеа местото студено и тајно. Уплавно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Петте старци, тајно селско правителство и таен суд за селанските судири и недоразбирања, ги составиле главите, од нога да решат заслужува ли Јаков парче негова вила со три запци да му стане судија, суд, судбина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да ми е да прошетам по вашата улица Тајно допрен на ѕидот на твојата куќа Да чујам колку убаво потпевнуваш А камо ли – како сонуваш...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Всушност, се покажало дека уште пред формирањето на Сарафовиот комитет, офицерите замешани во комитетските работи, на чело со генерал Иван Цончев, тајно од Делчев и Ѓорче Петров, зеле решение да работат за преземање на Македонската револуционерна организација и на нејзиниот ЦК од офицери, а кога ќе се постигнело тоа, Цончев требало да си даде оставка во бугарската армија за да го преземе претседателството на Врховниот комитет и да крева востание во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе