творец м.

творец (м.)

И покрај големиот број на дроги кои творците низ историјата ги користеа за поттикнување на креативноста, сметам дека психоделичните дроги имаат посебно значење за творештвото, првенствено затоа што, во една фаза на своето делување, нудат најсодржински и непознати искуства, кои надарените личности можат потоа да ги транспонираат во уметничка форма, без оглед на цената што ја плаќаат, а таа неретко може да биде висока, што ќе го видиме од подоцнежните излагања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На творецот не му е дозволено да суди за неговото сопствено дело.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На крајот би организирале изложба во холот на Домот на хуманитарните организации и литературен настап на најдобрите млади творци.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Поезијата е онаа состојба на духот на творецот во која дури и најморничавите мигови од животот се преточуваат во своевидни метафори, алегории или други стилски фигури сосема ненаметливо и спонтано.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Аплаузот е наједноставното и најмногу користеното средство преку кое публиката се идентификува со творците од сцената.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И може творецот на светов жив да ми те врати штом мојот ќе го чуе стон!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И наеднаш сфаќам дека всушност јас сум творецот - обликувач на глупавите прашања, и дека со нив всушност настојував да ја омаловажам загриженоста од ситуацијата во која се наоѓав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Раката на човековиот творец тука го имаше потврдено својот вез, врз нејзиното лице.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога големите војни и стратегиите на нивните творци не ги беа скарале судбински, не им ја наложиле братоубиствената војна, како во други делови на Балканот, не ги победиле, немаше причини и во ова време на козите да не бидат уште поблиску помеѓу себе, да се почитуваат, да си сочувствуваат заедно при умирачките, да се радуваат на новите животи, да се мешаат меѓу себе, да ги слават заедно свршувачките и сите верски празници, да веруваат сите во времето на козите, во најубавото време на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никифор Правдољубивиот ќе забележи дека овој непомирлив противник на схоластиката, еден од најсамосвојните ученици на Музеумот, знаеше со иста непосредност да ги толкува Еуклидовната геометрија, Никомаховата теза за априорната егзистенција на броевите во духот на Творецот, најсуптилните финеси на античкиот јазик или да насмее со импровизираниот мим, често пародирајќи се и себе си како несмасен трговец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нема творец, создавач на уметничко дело што не ја спружил својата гордост, својата машкост пред очите на музата, на вдахновението.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Всушност, творците на акцелераторите одамна го воочиле овој проблем.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ќе имаат ли доблест некои од нашите творци за некое од изнедрените дела, некогаш да кажат дека не било начинето согласно законот, всушност, дека го создале прикривајќи се?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа мислам дека писател, театарџија, творец воопшто, може да биде само оној кој не може да живее без да создава, но и без да консумира туѓи дела.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сега беше јасно дека последните авторитети требаше да бидат ликовите на непогрешливите творци на комунистичката идеологија, манипулираните филозофи, како и Водачот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, за мене, изјавата „Не сум толку добар писател“ е доблест која, во ниту еден случај, не може да им се препише на нашите творци.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Го остави творецот земен со еден и родот на чествуваниот Раде.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Чувствувањето и сознанието за оствареното согласје на сите нејзини елементи, при нужната многуслојност и многузначност на лирскиот дискурс, до онаа мера го ослободуваа творецот од разбирливите дилеми и прашалници што го охрабруваат под нив да го напише своето име.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Повеќе