тежи (несв.)
Ми гази по душата и сѐ повеќе ми тежи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Немам сила... Срце пука... Еј, ми тежи тешка ноќ.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Не прашав дали си кренавте паметник но вашите раце од мрамор веќе ми тежеа на рамото.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Само тешко ми е. Телото ми тежи. Се чувствувам како да носам зимско палто среде лето.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кога ќе сакаш да речеш ми тежиш ќе ти ги вратам триредно назабени.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Како олово да имам на нозете. Колку повеќе се напинам да бегам толку повеќе нозете ми тежат и од место не можам да ги мрднам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Здивот ни се собрал и сѐ повеќе се згрутчува и тежи.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Мојата кралица на постела лежи Лек за нејзе нема, главата ѝ тежи Дај помагај бабичке мила Ќе те дарвам со злато и свила.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
А покојников ти тежи зашто не живееше со татко ти.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И така уште буден лежам принуден в молкот да се слеам (Ноќва од чудни плодој тежи што не ме пуштаат да пеам) Селата сами в ридје спијат сред сева блага страшна тихост (Крени во себе палав вихор по ѕвоната да бијат бијат)
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Биди ми ден кога е ноќ за да сум среќна во него... биди ми сон кога сум будна за да ми бидеш реалност... биди ми збор кога животот ми тежи... допир за да те чувствувам мисла за да не заборавиш една случајност...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
КРАЛИЦАТА Катја болна лежи На кралот Милош во гради болка му тежи Секој ден со бел коњ шета и лекови бара Да ја излечи од болката стара.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Високо над кулите тежеше небото опсипано со рој бели светли ѕвезди. Градот спиеше во длабок сон.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Селото простум умираше: кола царевка не стигаше ни колку за една рогозина за закопнина, а килото тутун не тежеше ни колку кило сол.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ама, не жалат блиските кога бараат подарок по Скопјето за внучињата од сестра, брат или братучед затоа што во подарувањето се предава и енергијата со која се трошеле парите за истиот, а кога некого љубиш како некој близок свој, навистина му посакуваш сѐ најдобро, па и не ти тежи самата свадба како на оние другите, кои молеле Бога да не бидат поканети и се пресметувале колку, всушност, ќе ги чини тој ден кога некој со кого не се виделе 100 години, ете, се сетил токму сега и на нив, па мораат да одат и да се отстрамат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кураж и само полека - мрмори човекот под нос - и макаршто ти тежи веленцето, ти продолжи си по правливиот пат сѐ додека не згасне горештината и не падне првата роса.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не може јунак да трае, ропство му тежи над глава, ни може мајка да гледа се в тија солзи крвави.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Одев јас а камењата тежат, тој нѐ тепа каде ќе му текне.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Со кикотот замолкна за кратко, а потоа направи изненадувачки пресврт во гласот и над мене го слушав нејзиното кажување со зборови раскршени како срча: „Еве, цицај и мисли дека ја задоволуваш мојата потреба за мајчинство само за да се ослободиш од вината која, знам дека ти тежи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Казната на џезата, на тој див закон (отсекогаш право на неколцина старци) да се глоби, дури и да се тепа и да се претепува виновникот па и со негова крв да се мие срамотата што му тежи на селото, ја зел во свои раце Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)