теленце (ср.)
Рано е отелена, а изгледа теленцето е слатко, не може да а повлада, — се јавува Никола Косов, еден од многуте мераклии на убаво винце, поубава ракиичка и најубави невести, иако веќе стар.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се фалевме: кој подалеку фрлил камен, кој има побрз коњ, чија крава прва се отелила, чие теленце е поубаво, кој може најдалеку да скокне, чиј петел најрано пее и слично.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
- Ние си имаме теленце! Женско! - соопштува од својот брег Даме. - А ние четири јагненца! - вика и Младен.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)