темјанушка ж.

темјанушка (ж.)

Од секоја солза самовилска расцутела планинската темјанушка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Низ тревата ѕиркаа темјанушки, се белееја малите главички на боливачот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од баба си побара пари, се стрча низ скалите и купи пет најубави темјанушки.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Оригиналното езотеричко значење на темјанушката и до денес е сочувано во жаргонскиот израз „pansy“, со кој се означува феминизиран маж или машки хомосексуалец (егзотерички пандан на езотеричниот хермафродит или андрогин).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Ќе ти наберам од темјанушките - венче да си сплетеш. А јас коси ќе ти расплетам.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Нему не му е срам вака гласно да се изразува пред жена ми која со китка цвеќе во раката чека гробарите да тргнат и да се поздрави со моето тело оставајќи ја таа китка бели темјанушки.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ја преполни куќата со цвеќиња–изобилство полско цвеќе, темјанушки, нарциси во вазните, зумбули, фикуси, филадентрони; кактуси во саксиите, дури палма и лимун чии прв жолт малечок плод го држеше на дланката како да се плашеше дека ќе исчезне.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- И самовилите плачат... нели ти раскажав темјанушките никнале од солзите на самовилата...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А во тој венец понекогаш ја молевме да вплете маргаритка, јасминово цветче, темјанушка, кој како наоѓаше и нудеше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Те нема, мил мој... ама јас никогаш не сум ти рекла мил мој - немало време да ти речам - воздивна Ѕвезда и стишено си запеја - само темјанушката да ја слуша - Цвеќе се бере - дури е росно... моме се љуби - дури е младо...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Невестата е изедначена со темјанушката, која, пак, од своја страна, изедначена со Ергенот го симболизира андрогинството. Невестата и Ергенот пак се едно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Пелистерски темјанушки - му рече - никнати од солзите на горската самовила.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Откако ја собра сета убавина од него, се пресели кај меките кадифести темновиолетови темјанушки, која од која понежна и помиризлива....
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- На изгрејсонце сум се разбудила на еден зглавник со него, бабо, покриени со една јамболија... од една вода сме се измиле... во бела крпа од лебот и пиперна солца сум му врзала... и сум го испратила угоре сè до Самовилската ливада, до езерцата Пелистерски очи... по една темјанушка како нишан си подадовме - Ќе се вратам - ми рече - Ќе те чекам - му реков... и си замина отаде превалецот - како мама што си замина - накај Беласица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога со своите подадени раце и со некоја темјанушка на усните меѓу уште подзарцвенетите обравчиња, куклата покани “Повелете“, од рацете на Дедо Мраз испопаѓаа јажињата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Истрча на балкон и виде: - долу, во длабочина, три ката под неа стоеше еден човек, а на рамо држеше плиток сандак преполнет со прекрасни, шарени темјанушки.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Зошто не му оставив на разделбата темјанушки да ми набере?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ги виделе и двете езерца, и темјанушките ги виделе.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Еден ден, додека ги решаваше своите домашни задачи, слушна: „Темјанушки! Темјанушки! Купете темјанушки
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Повеќе