тенџерче (ср.)
Лонецот со вода се грееше на огништето и мајка ми со тенџерче ми истураше полека од истата, а јас седната во длабокото дрвено корито со миризливиот сапун генерално се триев и миев.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во еден миг хаос. На ќилимот во дневната се истура тенџерчето ориз и варен морков, зрната влегуваат во процепите во подот, а оние собраните не сакаат да се одвојат од прстите ни кога ги тресеш.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ако погледнеш од горе, гледаш само црневица од забрадени, бабуњосани, свиткани и стуткани сенки како врват со наведнати глави и со одвај видлив чекор, една до друга покрај казаните и, без да погледнат во чинијата, во војничката наполу ‘рѓосана порција, во бакарното котленце, во исчаденото тенџерче, во лименката од празна конзерва, тргнуваат со уште порастреперен чекор кон своите рогозини во старите италијански коњушници во кои никој не успеа да го сотре мирисот на коњската моч.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Маџир маало Ѕидовите со вар варосани од кои, ако се почешаш, целиот ќе си побелен, сарделата (во ИНА конзерва), долапите од надвор на „фасадата“ за тенџерчиња со бели точки, повторно со црвени сардели ползавци, блиску, блиску со дворовите, па за интимно кафе посабајле или чаша вино со „некој“ во квечерината - нема шанси.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)