терористички (прид.)
Ние сме на Балканот. Ние овде стравуваме од терористичките упади на нашите заколнати непријатели меѓу кои има и наши пребегани емигранти.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ќе нема терористички акции, ниту пак војни оти кој би сакал да тероризира или да војува со оној што го разбира.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Со неа се поттикнува криминалот и во другите земји, доведува до појава на мафијашки организации, па дури и терористички акции кои ја загрозуваат нестабилната цивилна власт во сиромашните земји.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
- Речиси сите странски претставници ги осудуваат тие терористички акции и без колебање ги квалификуваат како анархистички...“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во тој контекст тој истакнува дека името што се споменува во коресподеницијата сигурно е „Ванчо Михајлов, бугарско- македонски терористички лидер“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Мајчиното одобрување го иззема синот од терористичкиот надзор и од терористичкото спроведување на машките полови улоги, додека неговото идентификување со неа му овозможува пристап до просторот на самата изведба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Обвинет сте за терористички напад, сте кренале во воздух цел кварт.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Патетичноста на терористичкиот акт повеќе сугерира на еден личен морален пад (најчесто жртвите се невини), ја компромитира каузата во очите на јавноста, создава сѐ повеќе непријатели и денунцијанти, прави имиџ на лицемерност и неинтелигентност (глупост) итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)