терор (м.)

Новата народна уметност, онака како што ја замислува оваа Партија, не може да биде ништо друго туку терор на провинцијалната потпросечност врз сѐ што е индивидуално и што мисли со своја глава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Радиото како да сееше терор во оваа куќа која со години зрачеше спокој.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да можеа глушецот и тастатурата да зборат сигурно би нѐ отерале во 3 вагиналне материне за теророт кој го вршат луѓето врз нив.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Почна повторен терор кој главно беше насочен против Македонците и нивните придобивки да имаат свои училишта, весници и своја богослужба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отруен од егоистични поети и нивните патетични стихови книгите им се облеани со прашини самобендисано се читаат себеси Трујат со песни непотребни и надмено глумат богови на поетски средби здодевни секогаш изнудуваат проливи Проклети силувачи на зборот бесмислени и неинтересни колку ли терор претрпел листот од нарцисоидни убивачи на песни Потрошени се листови тони хартијата претрпела грев и наместо поетски трипови хартијата би служела за огрев
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Завладеа дивиот терор... Жандармерија и подвижни воени одреди тесно соработуваат дури и со бандите на поранешните соработници на окупаторот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Православните свештеници спасени од теророт и смртта, започнаа со црковните служби во спасените храмови од уривање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Меѓутоа, нема сомнение за тоа каков впечаток им оставиле Солунските атентати на оние што биле ангажирани околу последните подготовки за востанието, што гледале како Македонија се претворала во огромен воен логор, во огромен затвор во кој се фрлаат најинтелигентните сили на земјата, како огромниот терор застрашува да ја разнебити Организацијата...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со еден збор, јузбашијата почувствува едно гостопримство, та неговата свест не му дозволи да ја пренесе Бахтијаровата наредба за терор на војниците, ами напротив, им заповеда да се држат човечки додека и рајата така се држи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Знаете дека со интервенцијата на Англичаните во Атина и со потпишувањето на Договорот во Варкиза кога ЕЛАС мораше да го предаде оружјето, грчката реакција го почна белиот терор и прогонот на демократите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еднаш или двапати ја обавестив дека ми е познато она што се случува во дуќанот под нашата соба. Дека знам на каков терор е изложена.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Низ цела Грција веќе лудуваше белиот терор. Новата влада, потпомогната од Англичаните, ги прогонуваше учесниците во движењето на отпорот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со тие деца, мислеше тој, кутрата жена мора да води живот исполнет со терор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од задушувањето со страниците на книгата за француската револуција произлегува очебијната иманентност на темата што ликот ја проучувал, како и неговиот собирен простор како место веќе заградено со смртта, теророт и истребувањето внатре во страниците од насобраните томови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да ги премавнува сите пречки на нашата пропаганда и да пропагира на дело - ете ја задачата на теророт што ќе го сееме.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се случува во времето на сталинистичката диктатура и, потоа, во последниот дел на романот, кога следува периодот на титоистичката диктатура, несомнено многу поподнослива и, во секој случај, ослободена од секојдневниот терор.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По ова започнал теророт и денационализација и асимилација на македонското население во Тивешијата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сите прогони се такви, оти прогонува секогаш посилниот, а се повлекува послабиот; теророт се состои во понижувањето, во свеста дека си отстапил, дека си се повлекол, дека ти зеле нешто твое, простор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Македонците никогаш не вршеле терор! Секогаш биле попустливи. Навидум невозможно, но вистинито!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Седумте смртни греови суетата, многубоштвото, блудот алчноста, слабоста, охолоста, злосторот прераната смрт и поделбата на раси и класи крволочноста, разбаштинетоста подземјето и теророт, сѐ во име на народот и правдата Платоне поредокот е устроен од човек за уметност е настроен, за појезис за вешто строење жални и страшни собитија митови и митарења - што дека ечи заносно стремежот по идеалното дело космичко Божјо!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе