терсене (прид.)
А има орди со терсене табиети, како што на секое ветробранско стакло на автомобилите има птичја гнаска.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
И затоа треба да ги разберете дојденците од Македонија Кога севезден се молат Господ веќе да не им испраќа Терсене попови и тужибаби и уште потерсене владики
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Тешко беше и брат со брат да се договорат за поделба на нива, а камоли 2 миљона терсене луѓе да ги дотераш у ред.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
А стварно царот бил некој терсене човек, сѐ што ќе видел сакал да биде негово.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)