тесла (ж.)
Пак зема тесла и отсече ми главата, и не могох веќе да си подигнам главата.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ќе си го пресечам со тесла, вели, со брадва ќе си го пресечам, вели, не ми треба само за мочање.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој поработи уште малку, ја фрли теслата и отиде дома да се поприбере.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не знаеш како шета, вели, и не знаеш што држи в раце: дали секира, дали срп, дали коса, дали тесла.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сѐ што било кадро да застане на нозе влечело однегде и делкало со секири и со тесли бигор.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Одам секаде кај што одеше Јон, кај што работеше. Ја гледам трупалката, кај што сечеше дрва, коралницата на која ги овчеше колцата, кај што ја точеше секирата, брадвата теслата; ги гледам деланките, секаде има по нешто негово, по некој засек, по некоја сенка, стапалка, а него го нема.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ние зборуваме, тој само ќе ја поразгори цигарата и пак удира со теслата, ги сложува лактиштата, ги лепи. ־ Добро, бре луѓе, вели Дуко по некое време, мора да се прекрштаваме?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Полуден од бес, Џ ги уби со тапа тесла и ги исечка на парчиња.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
И носеше турли турли халати на мучение: сабли, стрели, маздраци, брадви, коси, српови, ражни, пили, секири, тесли, брадви и вадици и другии сечива што ги никој не знае.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)