типка (ж.)
Удира еднаш, двапати прво врз типките на машината...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ако во 20 век забавата меѓу луѓето се одвивала на друг начини, преку секојдневна комуникација и дружење, денеска како најбољи другари ги имаме фејсбук и скајп каде од 10 до 15 саати дневно може да драпате и оговарате, а наместо фејс ту фејс да се дружите само преку типките од тастатурата.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ако тоа не ви е јасно грабнете ги сите тие машини, факсови, компјутери, печатници, радио-станици, теве-куќи и опичите ги тастерите, типките, нек зуи, нек се земља тресе, ние ионако ќе се прешалтуваме на други фрекфенции, друг систем.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Порачуваше германски книги од Пешта и Виена, француски од Париз, откаде, во лакиран, дрвен сандак со етикета „L`orgie expressif Mustel“, му пристигна инструмент со благи типки.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)