ткиво (ср.)
Романот е обликуван во посмодерен код како приреден ракопис во чие ткиво се инкорпорирани уште неколку текстови кои го поткопуваат главниот текст.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ливадата на ова сосем голо теме од моето присуство облик ќе си земе достатен за сите чудесни каприци што висат со набој на две овчји цицки во оваа прва архетипска штама прецизно се слушам како блеам сама се одбивам и пуштам во чисто звучни пруги моето ткиво да пропадне во флуид ливадата ин виво бесконечно ја рудам ме нема, ме нема не знам како пеам и зошто се трудам Знам, моја силуета но друга овца шета со оваа шепа.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
Мразот стои врз мускулното ткиво, кое потиснато од студот копнее за твојата топлина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Литературата е она што го создава и ѝ го предава на иднината македонското ткиво.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Конечно, што значи да се каже дека животот истекува кога нашата мачка го прегризува оклопот внесувајќи метеж во мекото ткиво?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Жежок пепел на згасната ѕвезда. Свежината на шумските јаготки пробива низ заболеното ткиво: да сонуваш, распаѓајќи се!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Имено работата беше главниот ’рбет на нејзиниот живот, ’рбет врз кој се држеше сето друго меко ткиво.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Градејќи го ткивото на расказите, настојував да бидам искрен, да создавам со елементи кои ми прилегаат, кои произлегуваат од мене и ме прават препознатлив, како и во поезијата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Бидејќи изложеноста на телото на такво оддолжено дејство на X-зраци доведува до масовни изгоретини и уништување на ткивото, и агонизирачка смрт освен ако човечкото експериментално животно едноставно не се докрајчи и со тоа стави крај на мизеријата.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Како врзивно ткиво, со невидливи конци, се испреплетуваат едни со други – зборуваше старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Војната, окупацијата, крвниците, исчекувањето на Пролетта - Револуцијата, борбата, колективизацијата, бесмислените селски конференции, напорите на селскиот секретар Тацко Настејчин - цел еден спектар од историско социолошки премиси што го одредуваат животот и промените на нашето село во последниве дваесетина години е вткаен во лирско проѕирното ткиво на Чинговите прозни кажувања.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Драмата - текстот, ја губи улогата на сврзувачко ткиво.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Таа ласкава слика за геј- културата – на гејството како култура – не е сосема нова, иако нејзиниот пробив во ткивото на примените идеи што го сочинуваат здравиот разум на стрејт- општеството е релативно скорешен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие долго време тлееле во него, ги следеше како границите во текот на времето ја опколуваа земјата, ја престоруваа во кафез со ретки излези, ги следеше трагичните настани при нивното арбитрарно поставување, при нивното тајно преминување, но сега директно, неговото блиско семејно ткиво требаше да се најде под ударите на границите.
„Граница“
од Луан Старова
„А третото прашање?“, ја гледам и чекам, белки било од хемија, физика... па душата ѝ ја вадевме со клетки, ткива, органи по биологија.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Народниот гениј ги беше презел сврзните ткива на трите јазици со голема традиција и минато.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во нив, фамилијарното и техно- туѓото е фразирано, лиризирано во гестуалното ткиво на субјектот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Изгледаше како некој да му ја изрендал ногата. Ткивото околу раните беше црвенкасто и отечено. Кога беше чиста, не престануваше со крварењето.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во таа смисла, еден евидентно анахрон концепт за тродимензионален простор кој е тнр. „база“ на медиумот „архитектура“ веќе не може да опстане во своите три димензии туку ги користи придобивките (кадрирање, суспенз, нарација...) на тнр. дводимензионален простор на филмот, на пример (кој, парадоксално, „со една димензија помалку“ - иако и таа се освојува со Виртуелната Реалност - се здоби со повеќе „реалистичко ткиво“, со повеќе „видливост“, да речеме, од множеството тродимензионалност што нѐ опкружува!), или, уште порадикално, архитектурата ќе мора да се соочи и со тнр. мултидимензионален концепт за простор на Хокинг (кора од портокал, како пример!), кој станува парадигма за „просторна ориентација“ на крајот на веков. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 11
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)