тоалет (м.)
Ламбата што треба да го осветлува патот ноќе низ долгиот ходник до тоалетот ако посакаш да појдеш повеќе од нужда отколку од желба, огледалата во бањите и една вазна ги собиравме со лопатка и метла за пајажина.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Бидејќи буџетот не можеше да овозможи приватни тоалети и слични објекти, нив ги сместивме во простори кои даваат нужна приватност во смисла на местото и времето.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Прво, морав да се обидам да се контролирам при испуштањето гасови поради тоа што не сакав да ги разбудам роднините и да ги потсетам сите дека им се оди во тоалет, а уште помалку сакав да ги слушам скоро нечујните чекори на тетка ми како патролираат пред вратата и чекаат да влезат внатре за да ги исчистат моите гомненици од нејзината шолја.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Утринава, кога заврши тоа второ негово јавување таа се сврте кон огледалото заглавено помеѓу тоалетот и шифоњерот и се погледна в очи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ноќите ги минуваше во својата канцеларија која, покрај службените елементи (биро, фотелја, маса со шест столови за состаноци), беше опремена со кауч и шкаф за облека, со фрижидер и шпорет во малата ниша од која на левата страна се влегуваше во пристојно уреден тоалет, а од десната страна се излегуваше на тераса свртена на југозапад, кон височините на планината.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Бледосините очи на старецот шетаа од таблата за пикадо до шанкот, од шанкот до вратата на машкиот тоалет како божем да очекуваа промените да се случат во таа просторија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Меѓу двете собички имаше посебен тоалет, наменет само за децата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Останатото време во тоалетот го минав обидувајќи се да слушнам дали навистина има некој пред вратата или пак само ми се причинува.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А шољата за тоалет со казанче – па зарем треба да ви објаснувам колку силно таа ги промени човечките животи?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Топлотните бранови ми се тркалаат по главата. Во тоалетот среќавам еден пријател, син на некој познат глумец и поделуваме делчиња од неговиот спид.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во собата продираа најразлични звуци: од тоалетот наутро се слушаше гргорењето на неговото порцеланско грло, од покривот лекото роморење на дождовните капки, од таванот итрото глувче што трча меѓу тајните прегради, а од под скалилата појот на канарката во нејзиниот кафез.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
На пример: концептот и дефинирањето на приватноста произлегуваат од истите основни претпоставки, било кога се работи за користење на тоалет или двор.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Отиде во тоалет. Се врати и седна.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
На првиот кат имале гостински тоалет, но сега почнале да го реновираат затоа што не бил доволно чист и среден за да се употребува.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кому може да му користи тоа што двајца агенти на Гестапо во централната зградата на еврејската општина го влечат до тоалетот, заменикот на главниот рабин Хаим Хабиб, оној сериозен и скромен човек, кој да не беше Евреин, ќе беше уште и симпатичен – и како тоа да не е доволно, го исмејуваат и над Тората го тераат да одговара на нивните потсмешливи прашања за законот „заб за заб, око за око”, додека еден офицер на улица запрел некаков рабин, го однесол дома и му ја избричил половината од брадата и така го пуштил да излезе на улицата...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Повторно во тоалетот, одам по мала нужда, мојот фалус е некако чудно закочен.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И покрај тоа што сега раскажувам за сите овие работи како тогаш многу да ми биле интересни, морам да признаам дека единствената работа што ми беше на ум беше да отидам во тоалет и да се отарасам од тридневното пеколно тегобно чувство.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Нетот стана прозорец на светот од него ни падна и наталитетот и сите шмизли го знаат редот па блицови фрштат во тоалетот Бог да го бие тој свет виртуелен живот компјутерски, извитоперен семејство збрано, ручек се тура трошки се ронат на тастатура Бутови, дојки, линкови од Цеца тетки у години бркаат деца врие манијаци, стари педофили женети дртала демнат по профили
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
„Се лажете. Од сите три теории заедно, поголема револуција за човештвото има предизвикано изумувањето на казанчето за тоалет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако треба да одиш во тоалет, крени го знаменцето, земи си ја чантата и не оставај ја на подот во WC-то зашто кртот не презема одговорност за изгубени или откраднати работи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)