толкувач м.

толкувач (м.)

Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
А бидејќи големиот квантитет од луѓе не може да има никаква заедничка волја, водачот се претставува како нејзин толкувач.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Од деталите раскажани во врска со овој мој постојан сон толкувачот на сонови од оваа барака извлекол заклучок дека прогонувачот постојано се движел праволинејно а притоа и прилично брзо за да може да изведе и таква операција каква што е наведнувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со нив беше и еден цивил. Тоа беше нивниот толкувач.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Беа дојдени млади и стари познавачи на арапската османица, историчари, толкувачи на таинствените битолски кадиски записи, односно сиџили, на кои Татко им го посвети целиот живот, како нивни откривач и верен толкувач.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И со ангелите беше како ангел и со пророците пророк, со сите свети толкувач на славата божја.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Го слушаме капетанот, вреска силно и наострено, а крај него толкувачот, што го довеле од некаде, преведува: - Трпението дотраа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Времето брзо минуваше. Татко имаше чувство дека присуствува на автентичните, неповторливи часови на еден единствен универзитет, од човекот кој му беше и толкувач и протагонист во историјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Толкувачот објасни: - Вие за сето ова мора да знаете нешто. Сигурно имате и врска со партизаните.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сведок, вештак, преведувач или толкувач кој пред суд или во управна, прекршочна или дисциплинска постапка ќе даде лажен исказ – ќе се казни со парична казна или со затвор до три месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со нив беше и нивниот толкувач, оној истиот којшто Трајче го сретна на мостот кај Крива Воденица.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Набргу му беше најдено местото како толкувач од османскотурски на македонски јазик во Институтот за национална историја на Народна Република Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Судиите, судиите поротници, вишите судски советници, самостојни судски советници, судски советници, стручни соработници, судски приправници, судските вешти лица, толкувачите, преведувачите и другите лица кои учествуваат во постапката и надвор од неа, должни се да ја чуваат од неовластено откривање класифицираната информација со соодветен степен на тајност утврдена согласно со закон, без оглед како ја дознале.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа Хана Арент постави најголем предизвик пред толкувачите на Шоах кога го опиша Ајхман како „нормална“ личност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мајка, кога ќе видеше од чардакот дека изгреал нов, убав ден, ќе оставеше да влезе некој од толкувачите на кадиските записи, на сиџилите, за да ги дотолкуваат, зашто само Татко го имаше вистинскиот толковен клуч.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А ако набасаш на некоја намќорка допраша другиот Е ако е некоја смуртена лоша ќе ти биди болеста И уште ако не ја знаеш жената што ќе ти втрча со сонот Некоја нова и непозната болест ќе те довстасала Така велеше првиот толкувач на соновите
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Не случајно: Никола Кирков е едно од нашите најопитни новинарски пера, цели четири децении буден и дежурен толкувач на најдинамичниот период низ кој минува македонската историја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Математика, физика, хемија, географија, астрологија. Добри толкувачи се на знаци и симболи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Толкувачот објасни: - Вчера дошла тука една патрола да го земе Анѓелета, ама патролата не се врати. Офицерот праша: „Дали некој нешто знае?“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
6 Со нееднаков и, во суштина, несигурен успех, ова движење се стремеше, како кон свој telos, кон затворање на писмото во една второстепена и инструментална функција: функција на преведување на еден полн и наполно присутен збор (присутен за себе, за своето означено, за другите, самиот услов за темата на присутноста воопшто), техника во служба на говорот, портпарол, толкувач на еден изворен збор кој самиот е изземен од толкувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќе