топли (несв.)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Го бутнаа пред себе топлејќи му го тилот со здив.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ги вадат ушите од косата и ги топлат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еднаш, еден пленик беше собрал од крвта во каначка и ја топли на едно завалено оганче.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе го искапам и ќе го топлам над мангалот, полн со разгорен дрвен јаглен.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мајка му носи преслека и му топли вода да си ја измие главата, снагата...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога од студ поради туѓиот суд пукаат пријателствата, раскажувај ми за огнот. Ќе ме топли пркосот.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Колкупати во студот сум си рекла да слезиме долу кај пашитата. Да си дишеме заедно со добитокот. Едни со други да се топлиме. Како што правеа мнозина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ме топлат со дишењето што им мириса на изџвакана трева, на преживана лигушка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но откако се смири малку, откако сети дека топлината на сонцето, добрината на дабот, јасиката и целиот шумски свет му го топлат малечкото срце, славејчето срона таква чудесна песна каква што порано никогаш не се беше слушнала во гората.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Камилски беше зачуден трагајќи по речниците колку многу турцизми се употребувале, но и натаму се употребуваат во балканските јазици за означување разни садови, како: бардак, барде, вид лонче кое служи за пиење вода (од турски bardak); ибрик, поголем бакарен сад за вода со посебно извиен тесен отвор, се употребувал уште како сад за масло и како сад во кој се топли вода, како и за варење кафе и чај.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Снегот од една страна го топли, вели, а од другата му ја зема топлината.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги клавам и на градиве, ги топлам со срцево.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се гледаме ние, а го гледаме и огнот на нас: ни се разлева по лицето, ни ги сенча образите, ни ги топли.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ни шопа вода низ вратот, по 'рбетот, ни ги топли ципите и слабините...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Чашата на животот ми е полна со спомени кои вечно ќе го топлат мојот дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Пријателе, знам, не е секогаш така и не се такви сите твои есени. Понекогаш ја топлат твојата рака стиховите од ветерот донесени.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Стои и ми ги топли коските, ме рашеметува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Раскажуваше приказни со сладок вкус кои ја топлеа душата кога од селска стана градска, а пееше како славеј една песна за гугутката што им ја остави во наследство, со аманет да ја пеат по слави и свадби.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
При силните мразеви, при студените ветришта снегот ги чува посевите, ги топли и тие безбедно презимуваат.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)