топло (прил.)

Веќе е топло, пролет е, па можам да си го наметнам мантило, или само новиов жакет да го носам.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Обично ние го носевме пред гостите подавалникот со топло мирисливо кафе што го вареше Мајка, со локум и вода.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Домаќините ги пречекуваа гостите срдечно и топло како и секогаш пружајќи им на сите големо внимание.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Слегни на мојата планина завиена во топло крзно сета од здивови на исплашена дивина.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во собичката му беше топло и јамакот шумеше на печката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И каде на друго место може да се побара и да се најде тоа, ако не во она топло мноштво на другите луѓе, ако не во соништата за нив?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во соседство живееја две верверички на слична возраст. И двете имаа прекрасно дебело светливо топло кожувче и голема опашка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Светеше силно и топло во темната и студена ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога е топло ќе си седне дедо Спасе во дворот, ќе си го завитли лулето и ќе пувка важно, важно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека пиев топло млеко, влезе во бифето полицаец и од секого бараше билет за патување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И оној негов предедо, со една покуса нога, се наведнал и речиси се допрел со своето лице во тврдото, полно со миризба на шумите и на дивината, топло, смрдливо влакно од колкот на мечката, а со своите две раце и со двете нозе тој прво ја исправил стапицата, а после се навалил со целата тежина на своето тело над двете маши од двете страни и ја отворил неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Целата се шаренеев по просторијата од ламбадестото здолниште, кое не суптилно ме оцртуваше во задниот дел, и топло портокаловата тесна маичка која ги истакнуваше голите црни раменици под мојата коса.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не ја слушам дали ми вели нешто, но веднаш на усната го чуствувам топлото лажиче што жената ми го бутка меѓу усните.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од југ им се доближувало топло ветре.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред да легнат го наполниле огништето со кочанки за да им биде топло ноќта.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тогаш, о, возљубени читатели, почувствував како некое топло ветре со миризба на босилек и темјан ми ги наполни градите и прилегна на местото, на празнината кај што ми беше срцето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Небаре студени огледалца внесени на топло.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Танаскоица како да не сфати што направи, после се интересираше да не е болна од нешто штом така блуе, па ја подучуваше да се варди, да се облекува топло оти ова мокро и магливо време е многу лошо.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Беше топло иако лилавиот превез на залезот ги покриваше полека старите куќи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе