торба (ж.)

Мајка ми се скаменува со торбата в рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кучињата, и тие, кога видоа толкава милост, заиграа со опашките, се приближија, почнаа да ги душкаат братучедите во петиците и под колениците па до празните војнички торби.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се случуваше, при селидбите, во воените времиња, кога одевме по рововите, да носиме книги место ќебе, перница или торба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја привлекол поблизу торбата и си рекол: Чекај да видам какви се урмите? ... И запалил свеќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Би ја дал целата торба сосе сите пљачки за една стомна изворска вода.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа се спушти на коленици, ја отвори ширум торбата и извади од неа неколку француски клучови и еден шрафцигер кои го исполнуваа горниот дел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Онака како што бев клекнат пред старите што беа наседнати на гредата пред задругата, ја прибрав торбата со книгите и сиот станав уво.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се плашеше повторно да не се најде во некоја рибарска торба.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Татко му не го зеде клучот и не го нави, ами го симна од ѕидот и го стави в торба како обичен предмет и замина в град да го продаде.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дојди, рамо ослободи од ортомата што те сече, спушти го тоа црно котле, одрами ја торбата и веленцето постели го ширум...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некои ненапишани песни извесно време се по патничките торби на пазар, за да се издвојат симболите од цените меѓу нераскренатите здолништа и мирисите кои исчезнуваат меѓу каишите разлабавени како случајни желби меѓу знаците за распознавање заштитени со поединостите од сонот според ноктите, грбот и забите според нозете и легенот го менуваат описот на младоста и се подготвуваат еден ден под којзнае кој агол и облик да се јават :
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој ги полни торбите и ги закачува на ортомата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поинтересно е да си седиш дома и да си читаш стрипови, одошто да излегуваш надвор, да ја влечеш торбата по фурните и да бараш мек леб.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Понекогаш го вадам твојот автоматски пиштол од мојата торба и преоѓам со палецот по мазниот, евтин хром.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Зад нагризениот ѕид на соседната куќа густ цут од вишни, неизброиви меки пердуви закачени за воздухот како да се двоумат изненадени снегулки да ја покријат земјата или да се вратат во торбата на Јануари.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Си го стави дедото грнето во торбата и заборавајќи сосем на рибата брзо, брзо замина дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога видов дека има уште многу од патот се разочарав, останав уште малку да размислам, бев малку заморена бидејќи се влечкав по стомак, а торбата со преврски и другата опрема речиси не ми беа ни потребни зашто само ме изнамачија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Треба да станува, да се облекува па да ги реди фурните со торбата во рацете.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Меѓутоа, кога се вратил пред еден Бадник со торба лири и со загноена рана на левата рака од туѓа сабја, по селата со восхит се шепотело дека бил ајдутин и одмаздник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Автобусот каснеше десет минути. Задоволна и уморна седнав на клупата и запалив цигара. Ѝ заблагодарив на госпоѓата што ми ги причува торбите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Повеќе