трака (ж.)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Излегуваш надвор за да провериш, кинисваш низ улица и некој со тегет трака на реверу ти објаснува, дека не можиш да поминиш по твојата вообичаена маршрута. - Зошто бе? - Како бе зошто?
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Во затемнететите стакла веќе почнуваа да светкаат одблесоците, иако сѐ уште се гледаше жолтата, придушена трака на самракот.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
И најпосле нешто се прекина... Старецот во себе слушна пеење и здогледа непрегледна трака како доаѓа и го прекрива целиот свет... Неговата душа заминуваше во нова, непозната сфера на постоење... 80 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Колона луѓе, жени, деца. Жолти траки на рацете, шестокраки ѕвезди на нив.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И истиот момент со похотен скок налета локомотивата. Макс, и не разбирајќи, оддалеку виде како на трака пролетуваат осветлените прозорци.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)