транс (м.)

Се галиш по целото тело и трансот на душата го обзема олтарот на твојот Бог.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И сега, кога ги следам пред овие идеолошки водичи на Атеистичкиот музеј во Скадар, тие сѐ повеќе ми личат на видените дервиши во детството, сега како вистински црвени идеолошки дервиши на новата вера кои по наредба или според болно соживување се предаваат на реторички оргии сакајќи во нивниот транс да го искоренат стариот бог од луѓето и да ги натераат да го прифатат новиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Никогаш не ја заборавив сликата на разиграните дервиши како занесено до транс играа и скокаа, бодејќи се на крајот со долги и тенки куки кои влегуваа од едниот, а излегуваа од другиот образ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во Партијата сите носеа маски, играа ролји кои не им припаѓаат, и во трансот на поистоветувањето на она што се со она што не се, се соживуваа со маската и ролјата што ја играа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Влегуваа во некој транс со замижани очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа бавно се разбудуваше од некаков транс.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оркестарот почнува мелодија која очигледно сите ја знаат, рацете се креваат во транс, а палмите се нишаат сѐ побрзо и побрзо.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
А основни генералии, секако, мојата секретарка ќе им земе при прием на листа на чекање, па ако треба и ќе постојам пред капија, да чујам се караат ли дење, офкаат ли ноќе, тепаат ли деца и како им се насадени овошките низ дворот, па кога ќе дојдат на ред, од врата ќе паднам во транс: „Имаш дуња во дворот или воденики на балкон“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Она што возбудуваше во целата таа работа (а јас подоцна го најдов во една француска книга на еден познат антрополог, што ја купив во Париз, при едно гостување на циркусот), е што партијата на Луција нѐ врати назад, на едно порано еволутивно општествено скалило: во добата на примитивните, со транс и еуфорија опседнати општества, таканаречени дар-мар општества, каде основни форми на општествената комуникација се маската и трансот; пред тоа живеевме во таканаречено општество со книговодство, во кои мимикријата, маскирањето и занесот исчезнуваат (затоа комунизмот беше помалку жив, одвратно немагичен и црно-бел по однос на општеството што го градеше партијата на Луција) и се повлекуваат пред компромисот меѓу наследството и способноста, кои се два основни фактора што ја определуваат иднината на единката во тие општества.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас знаев дека Партијата полека но сигурно целосно го обзема, и знаев низ кои фази поминува тој, оти јас тие фази ги имав веќе изминато: трансот при донесувањето на колективните одлуки, силните емоции во толпата, чувството дека припаѓаш на нешто многу силно и важно, дека правиш прометејски чекори за твојот народ; Земанек, поради Партијата не ме виде мене, Луција, жена од крв и месо, како што јас, поради Партијата не успеав да го видам Јан Лудвик.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И дали маската служи за да се сокрие идентитетот на „бесрамникот“, или за нешто друго: да се сокрие неговиот транс што тој го доживува под маската?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Арсо паѓа во некаков опасен транс, лудило што не знае за мера и граница. Тој сѐ повеќе се дразни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од другиве излети главно нема фотографии зашто се инкриминирачки и можат индискретно да се искористат за јавна бламажа, или тајна уцена па, секако, е подобро да не паѓаш во транс, па да документираш нешто што може да биде сѐ само не да биде трајно... па, нели излет се вика?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И покрај огромната работа, Томаица ја следеше ревијата со огромен жар и беше во текот на цело време како во транс .
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Можеби едино пред уметноста, во состојба на метафизичка исповед и транс!  Насетуваш: небото ќе молсне сеопфатно, како очај.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во транс сум, се тресам целиот... ѝ ја загризувам цицката!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го следеше смртта на секој чекор. Неколкупати речиси митски ја избегнуваше. Веруваше дека го штитат таинствени сили. Беше постојано во својот транс.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Излегов од транс. Гледав во робата, мислам, со тап, стаклен поглед.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Прашањето на границите е тесно поврзано со прашањата на државата, етницитетот, транс­ националноста, граничните симболи, ритуалите (преодни обреди) и идентитетот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Повеќе