траска (несв.)
Вратите траскаат зад него - бара нешто летајќи од просторија во просторија.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Стојане! Покроце чукај! Не траскај толку! Знаеш дека болен човек лежи!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Од кожарско-ќурчиската чаршија, од Капан-ан до Туз пазар, туфекчиската чаршија од Мустафа-пашината џамија, дуќаните и работилниците со ножови, сабји и друго оружје, до платнарите, абаџиите, бојаџиите, казанџиите, сарачите, јорганџиите, калајџиите, терзиите и кафтанџиите, сѐ беше на нога и траскаше, чукаше, коваше, тропаше, викаше, довикуваше, и повикуваше, а дуќанџиите шеткаа пред своите мали царства, не сакајќи да мислат на големото што ги беше поклопило и кое им ја пиеше и потта, и душата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)