тргнува несв.
тргнување ср.

тргнува (несв.)

Неврзан за месото на зората или за твојата густа крв тргнува кон своето небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Без каење тргнувам во потрага на неограничени прекрасни можности за живеење, исплетено со бои и мириси, како сонувач, талкач, скитник, живот без пауза, зошто секое погрешно застанување би било крај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се чинеше коњот и неговиот јавач се едно суштество што одвреме-навреме се раздвојува, па секоја од двете засебни единки тргнува по некој свој однапред одреден пат, но веќе во следниот момент двеве разделени единки повторно се слеваа во една нова поцврста целина, која, барем така изгледаше, ништо повеќе не може да ја раздвои.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Полека да крка на спуза сѐ додека не се подигне кајмакот и кога просторијата ќе се наполни со мирис, тогаш се тргнува настрана, малку се остава да одмори од вриењето и полека се сипе во филџанот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повремено ја тргнувам завесата од прозорецот и погледнувам надвор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Билките збунето тргнуваат во потрага по своите корени.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Навечер воларите се враќаа со полни капи јајца од диви патки и од диви гуски, а во неделите и празничните денови луѓето со кошници тргнуваа низ Беговски ливаѓе за да собираат јајца.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа сигурно нешто ќе заборавеше пред тргнување, ќе се враќаше да ја заклучи вратата, да провери дали го исклучија плинскиот шпорет или можеби ја заборавила цигарата неизгасена во пепелникот и ќе стигневме токму во моментот кога возот тргнува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми ја тргнува главата на градите негови и ме тупка, ме удира по плеќи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Излезе дека некоја другарка или другар ми земале долен веш и ми направиле лоша магија, да не ми тргнува ништо во животот, така што во сѐ да имам кочница.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Околу пладне, штом ќе е готова летната манџа, и штом ќе се курдиса сонцето како што треба, младите охридски мајки (што не значи дека во Охрид нема од стара мајка деца) ги дотеруваат бебулињата, ги сместуваат удобно во количките кои задолжително имаат чадорче или нешто друго за да им држи сенка, па полека тргнуваат кон езерото.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тргнуваме по ридот угоре барајќи место водата пат кај не пробива ни ветрот легало прави.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ми кажуваат мене така и јас тргнувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тргнуваш во потрага по цветот за гранката на твојот сон. Утрото измислува портокали. На твојот суров континент плодови на морето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ги тргнуваат шамиите преку лице и клекнуваат ко кукмарци, се губат меѓу шалварите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И штотуку наближам до Сена мојот поглед ја напушта земјата, ме напушта и мене и тргнува да плови меѓу ѕвездите... и нешто длабоко тогаш се вознемирува во мене: моето човечко битие, горе меѓу ѕвездите, го препознава својот древен дом, своето древно огниште, мојата роднинска постела...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Имаше чувство со кое се потупнува по вратот коњот под себе, кога се тргнува на далечен пат, она чувство, со кое што му се префрла раката преку рамо на другарот кога се има да се стори нешто тешко заедно со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сепак, тоа што моментално го имав во животот ми беше некаков успех, тргнувајќи од фактот дека сум дошла од провинција во источниот дел од земјава, каде што птиците заборавиле да пеат кога летаат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој ден, по првото копање со компресорот, откога видов дека работата тргнува, по толку месеци, првпат отидов во Монастир да се потстрижам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Барем со него ќе имам оправдување за да се вратам назад. Тргнувам, ама и маската ме гледа ко човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе