тревник м.

тревник (м.)

Само прозорците се отворени за да може да се дише и гледаат кон убаво дотераните тревници, однегуваните стебла со високи крошни, на фонтаната и куќичката во паркот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ја претрчавме улицата и тревникот кон нашата зграда, се втурнавме во влезот и малку наврнати втасавме пред вратата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наместо да биде украс на парламентарната зграда и доказ за педантноста на малата балканска нација, собранискиот тревник беше домаќин на бизарниот излет на неговите политички противници.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Мина преку терасата и околу оградата од грумушки трендафили, и тогаш нејзините стапала, обуени во сандали со ремчиња, нежно згазнаа на тврдиот, како килим, тревник помеѓу трендафилите и портокаловите кринови, кои со своите трубички беа отворени кон сонцето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Поседнавме на тревникот спроти северната страна од зградата и загледани во прозорците стрпливо чекавме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сега првата нејзина реакција беше дека тоа било жива змија, која, се разбира, си заминала, но кога подобро го разгледа отпечатокот, што таа го направила на тревникот, пак ѝ се врати утешната помисла дека тоа било вештачка змија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Две дебели лимузини, со гумите од едната страна по тротоарот пред сѐ уште ненаселените згради, а од друга страна по калта на идниот тревник – завртеа на десно и мешлесто тетеравејќи се, се изгубија во мракот и го оставија на чкрипавото цимолење на бришачите, сред пустата темнина на облакодерите без станари.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
”Не бев сигурна дека е вистинска змија. Мислев дека е играчка, онаква какви што луѓето ставаат во своите тревници.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Така, едно време, сред зимата, кога божикните снегови беа станати и секое утро тревникот го поткопуваше мраз а дневното сонце го раскалуваше, на местото во еден агол од дворот каде што ја оставаше покосената трева, најде легнато едно изнемоштено жолтеникаво куче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Фаќајќи го, мачорот се превртуваше и се свиткуваше по тревникот заедно со глушецот, постојано држејќи го помеѓу муцката и шепите, како да беше неодмотано клопче преѓа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дуваше галејќи ги зелените пасишта со нивните многу ретки кладенци- поила, кој како сини очи тук- таму лежеа во тревниците.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Им пречеше дека трчаат низ тревниците, расфрлале ѓубре, ноќе лаеле и на еден куќен совет решиле да ги ликвидираат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во тревникот од младиот, штотуку насаден дрворед, некој скршил дрвце.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ноќна прошетка Леонард Мид највеќе го сакаше градот ноќе, кога можеше во магливите ноемвриски вечери околу осум часот да зачекори на тротоарот, да цапка по изгазениот тревник, онака, со рацете в џебови и во која било насока низ таа прекрасна тишина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Љубовниците... Ги имаше куп, дури еден фудбалер меѓу нив, мускулест голман со кој трчаше по топката на тревникот пред куќа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа августовско утро во Прага Сите ги прекоруваа своите мали кученца кои баш сега најдоа по пет пати да мочаат во тревниците послани со свежи ѕвезди а за баксуз, никаде немаше натпис: мочањето врз тревници од ѕвезди е забрането.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Пред некои куќи земјата беше растурена за да се направи основа за идните тревници, таму имаше многу малку посадени дрвја и грмушки, и детски играчки - велосипетчиња со три тркала, црвени или зелени вагончиња за играње и кофички за песок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Клупата не беше удобна, а таа не знаеше од кои причини Кети го постави плетениот стол на тревникот, но нејзе оваа клупа ѝ се допаѓаше затоа што таа беше сместена крај малата воденичка за мелење на жито, која ја пееше својата таинствена песна, и беше поблиску до бавчите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Минавме низ тревникот, спржен од летните жештини.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тревникот и бавчите светкаа со белина, како танка покривка од снег да беше ги покрила во текот на ноќта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе