треперење ср.

треперење (ср.)

Оти пајакот најчесто лежи во точката среде што ја викаме и што најмалку се гледа оти средето е скриено внатре и затоа среде се вика; лежи таму создателот, примирен, смирен, кроток, како Бог за кој времето не значи ништо и гледа, демне, слуша, секое треперење на струните на својата вселена, на нишките од мрежата ги слуша, ја слуша музиката нивна семирска!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се фати за рабовите на одарот и со треперење се подигна на своите ослабени раце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа никогаш не почувствувала такво слатко треперење од петиците нагоре.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некоја сила му ги растави клепките и тој остро ги насочи своите презриво тажни очи кон оние што сакаа да ја видат неговата малодушност, страв и покаеност и треперењето на солзите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓусебно си го наслушнуваа треперењето, студеното дишење и гуштерското трепкање на клепките.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој слушна како неговото треперење вибрираше спроти ребрестиот метален покрив што беше закован над гредите и спроти ѕидовите, со своите разголени клинови слични на ребра.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа која знае да биде потврда и од маж, одеднаш е само едно треперење над сламарницата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не можеме да речеме дека се лесни тие први љубовни страдања, тие први треперења на срцето, но да речеме и тоа дека се нормални и дека во нив сѐ уште се испреплетуваат и другарски чувства и другарски односи и дека тие сѐ уште се само вовед во вистинската љубов што доаѓа во позрелите години.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не се допираа, но нему му се чинеше дека го чувствува треперењето на Џулиното тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Арса го зафати некое чудно треперење што го тераше несвесно да се тиска кон оџакот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стрелката во татковата душа - компас, по долго треперење, во еден период покажа дека треба да патува кон северозапад, се разбира доколку опстанеше патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не можеше да го смири треперењето на своето тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Виљушката во рацете на Рада доби некое чудно треперење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби ти имаш многу вакви мигови.. но јас само го чекам мигот со тебе... за жед на срцето за возбуда... на телото за треперење... на животот живост..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Сака да се помоли и сака да прости, но очајот и треперењето на гласот уште повеќе ја продлабочуваат агонијата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Светлоста околу нив живо пулсираше, пливаше, низ облаците, се палеше и се гасеше;тоа пролетно треперење не се смируваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Која Марија си ти? праша. Чу: гледај ги зелените вирови во моите очи, бакрените водопади во моите коси, треперењето во мојата кожа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се враќам на започнатото. Додека мајка ти раскажуваше, јас непрекинато долго и молчешкум ја гпедав и го запамтив секое треперење на нејзините образи и збрчканото чело.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На самоти почеток одвај чујно, речи си срамежливо, тивко како лесно треперење на крилја на вилино коњче, едната јa гони другата и се нижи во синџир, а во него - студените кладенци каде моми студена вода налеваат, прстенот меновник, долгите години на чекање, високите чардаци, белата пченица и деветте гулаби што високо над ширно поле летаат, јадовите момини и либето кое под прозорец, пред порти, под чардак чека...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тргна. Натоварен со тешка вреќа пченични зрна, која неизмерно му тежеше, првин тргна по патот, на кој можеше да сретне само луѓе и нелуѓе, низ чии што очи се наѕираа поткренати на прсти, доблестите или стрчеа искри на гнев, кои му предизвикуваа збунетост, до степен на треперење, наежување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе