трепери несв.

трепери (несв.)

Таа виде, како пред тоа, му трепереа прстите, му се тресеше брадичето, му се разигра мускулот на левиот образ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А раката, раката што ја држеше големата скапоценост ѝ трепереше. И тоа вистински.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На прозорецот од куќата вознемирено се меткаше и трепереше сенката од мајка ми.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Трепериш како булка на мајско ветре се тетеравиш од годините врз плеќи молчиш како икона нацртана од крвој се виориш како барјак исткаен од светлина
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Долго си трепереа таа ноќ гранките крај езерото А по брегот си шеташе историјата Со твоето име и со троа месечина во рацете.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Во бранови трепери топлиот воздух и тишината предизвикува морничав немир.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Брадјосниот човек виде дека некои почнаа да треперат од страв.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се радував зошто не беше способен да ме малтретира, сѐ уште снагата забрзано му трепереше од дејството на правот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Неговите широки кожести крилја нервозно трепереа зад јадосаниот грб.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Магнетната стрелка на голем компас трепереше со виолетов сјај.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа трепереше од страв и ме стегаше за раката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Трепери како твоите тврди сетила што треперат ноќе под ѕвездите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Куќата сега се виши ослободена од товарот на птиците со мирни темели врз мртви корења ни ѕидови се тресат ни врати треперат од татнежите на растењето и возбудениот воздух.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Си треперела ли некогаш в грло како нож што не знае дали до дршка да се забуца во ленена кошула или свечено да блесне под болнички рефлектори?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од раскажувања знам кои беа тука, каква им беше живеачката, та затоа од возбуда ми треперат колената и полека, небаре се пробивам низ некоја голема мрачна сенка, пред очи ми се јавува сеништето на болните спомени што како наследство ми ги оставија моите родители и многу други кои во Перењас ги поминаа најтешките времиња по своето искоренување од родното место.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со глас во кој во кој трепереше некоја скришна тага, тој почна да им ја расправа жалната историја на луѓето од овој крај: Не ни требаат ни риби, ни ништо од оваа страшилиште.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тоа волкот просто ја имаше во својата уста неговата крв и трепереше од нејзиниот вкус, а во тоа имаше и една таква безизлезност, што тој не беше во состојба да не се подигне од петици, речиси маѓепсан од едно такво ужасно навестување на една ваква чиниш од самото дно на пеколот извадена и зачекорена и наеднаш толку необорива вистина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ситни глогови листенца му треперат над главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Старецот сега трепереше од некоја внатрешна возбуда.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Распарлива воздишка ѝ поду и ѝ развали гради, се испомешаа мислите, а измореното и истоштено срце трепери, замрува, се стега во болката на очајот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе