треснува (несв.)
- А кој си ти, врагу? - се пресече треснувајќи ме по нос.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тој сакаше на прекрасната Французинка да ѝ го покаже својот младешки дух - затоа, кога ќе се вратеше од работа, готвеше вечера, па со најлуксузните тренерки и спортска чанта гласно ја треснуваше вратата со надеж дека таа ќе го види низ дупчето и така ќе се заинтересира за него.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Треснува на подот шишето коњак на госпоѓицата Голдблум. Доктор Астерид ме одведува до една подзатемнета голема хала во која се наоѓа вистински сточен вагон поставен на автентична железничка пруга со дрвени прагови за да потсетува на трауматичните масовни транспорти на Евреи што нацистите од сите страни на Европа ги префрлуваа во германско-полските логори на смртта.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Аха, да. Рибата ми ја отвори вратата, јас ѝ кажав дека ми треба дел од нејзиниот задник и ѝ ги треснувам оние дваесет зелени.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога не ќе драбаше по калиштата на каналот, тепајки гуштери и жаби со нескриено задоволство, кога не ќе дебнеше полузаспани змии, кои, држејќи ги за опашка, или ги треснуваше од некое дрво, или ги вртеше врз својата глава и зашеметени, ги фрлаше далеку во меѓите, тогаш секако се плискаше во плиткото на реката, а богами, без никаков страв, загазуваше и во подлабоки места.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сета се тресам! Лексилиум ќе морам да се напијам поради вас, скотови едни! – и влезе внатре, треснувајќи ја толку силно вратата што мислев дека не само стаклото туку и ѕидовите од куќата ќе се искршат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
— На ,Деветтата линија", велам и ја треснувам вратата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)