трешти (св.)
Ги гледам обајцата и се трештам: како да си помогнам, кој да ме научи нешто?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се пие шампањ и се дува тревка. Звучниците трештат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
8. ОД СЕКОЕ ДРВО НЕ БИДУВА СВИРКА - пред оваа разновидност се симиња капа: зар само свирки да трештат во циркус, некое од дрвата ќе треба и за тапан...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Горе бучат и вијат буките. Од големиот студ - трештат и пукаат стеблата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во огништето трештат сувите цепеници, распрскуваат златни искри, во одајата е светло, тивко и топло...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од еден рамен покрив трештеше оркестар. Барабаните галопираа. Куцајќи, трубите брзаа да ги стасаат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Рикаат топовите, трештат бомбите, но фронтот си стои на истото место.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се распрснаа искри, пламенот вивна, трештат суварките.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А од собата пакосно трештеше неговата зелена смеа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се трештам јас, а после си велам, море гледај си работа Методија, имаш работа да сработиш, а не коски да гледаш.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)