трик (м.)
И двајцата добро знаеме
на која жена мислиме
само јас отскокнувам кај неа
љубопитен и на вишини навикнат
не можев да си замислам
толку еднолично и неразонодено суштество
рамна снага рамен говор
несовршенството ме предизвика
потсвесно, како што обично се вели
правев трикови за забава на народот
покажував нови мустри
шарпи шешири шпилови
стапчиња топчиња кутивчиња
бели гулаби за бела магија
создавав драмски штимунг
го извлекував резервниот маж
последниот џокер
од мојот долг од што е дупнат
џеб, немав време за колебање
носев кружна насмевка
- рингишпил на лицето
каде јас, таму таа!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Трикот како да се постигне ова може да се научи како и секоја друга ментална техника.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Претпоставувам дека под поимот читателот да се дразни со трикови, “уредник” го подразбирате лекторот.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
Посакувам да ти ветам бесрамнику Штом студен здив твој сетам Секој мој стих повикува на двобој Мунковски испиен блед лику И ќе го вплетам во тебе знај Ко игла со која Дервишот Ја докажува моќта на потсвеста Гласно во овој миг велам – Иш Искреноста е мудрата сестра Направи трик – исчезни Да го почнеме од почеток нашиот крај 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Трикот беше откриен, и практиките на моќ беа демаскирани.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Благодарение на овој трик со лебедите, младичот на крајот го освоил срцето на девојката.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Подоцна, можеш да се правиш како тоа да било само трик и дека си го рекол само за да ги натераш да запрат и дека не си го мислел навистина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој беше толку деконцентриран поради доцнењето на Марија, што не можеше да се сосредоточи дури ни на наједноставните трикови.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Па ѝ ги пуштам лавовите да ги научат трикчињата, пред да ја расчеречат, во жолтото мое собуле, во сништата мои пожолтени.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Тогаш сфатив: и да се насмеев, и да заплачев, дури и да бев смислил некој циркуски трик, сѐ тоа ќе поминеше незабележано.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сигурен сум дека овој трик не сум го користел ниту прв ниту последен пат, повеќето случки се сѐ уште успешно потиснати, па не можам да се сетам дека некогаш сум ги заборавил.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Само навестување на поклонување и неговиот лев палец паѓа. Прекрасен трик.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Андерграунд уметникот не е инфициран од трикот на мудреците да им биде записничар ниту го интересира да биде апологет на нечија тиранска биографија.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
А ќе објават: исчезнатиот го смисли овој трик за да ја исмее вистината.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Најголем дел од нив се обични рециклатори на просечноста, а единствениот сегмент на харизматичност е нивната затскриеност зад неколку високотехнологизирани трикови.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Се сопнал а можеби и сакал така да се случи, не знаел (најпосле тој трик можел да го научи во лесновската шума од неуморниот заведувач Арсо Арнаутче), паднал повлекувајќи ја и девојката со себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имаа направено сличен трик и со родителскиот инстинкт.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Актерите се сѐ повиртуозни, камерата е постојано под агол, дречливите бои се спојуваат и судираат создавајќи визија на усвитена Америка.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На првата забава, на која децата беа маскирани во кенгури, мораше да го прескокне главниот трик со невидливите риби, зашто не можеше да го изведе без нејзина помош.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Работата на ВР се темели уште на еден трик: во очилата има сензор ...џиновска кристална јама што му кажува на компјутерот во која во средината, во неа огромен насока гледаш.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)