тропање ср.

тропање (ср.)

Сѐ погласно ми станува неговото тропање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се слушна тропање на клучеви закачени на приврзок како котва од галија и вратата се отвори.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Срцето силно ми биеше и неговото тропање го чувствував во вратните жили и во слепоочниците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И шуркањето на килибарниот млаз од чајот и танкото тропање на лажичето во шолјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во наредниот миг ќе го чуе тропањето на чизмите пред вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тропањето се повторува и татко запира да ги мрда вилиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во огромната челуст на тишината невратно се губеа притаени пцости, злокобно тропање на некакво железо, неразбирлив шепот и сѐ што не се слушаше, и сето она што сивите луѓе, го носеа под грло, зашто 'рбетникот на големиот организам на колоната беше скршен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Силно тропање на надворешната врата го тргна од мислите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По некое време се слуша и тропање на вратата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бездруго, пропаднатата петиција за затворање на диското ги оставаше соседите со глави да тропаат по ѕидовите, или можеби навистина тропањето ми беше наменето мене затоа што не правев доволно силна бучава како онаа на која навикнале.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И против губење здив и тропање на срцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе чујам тропање на чинии, подвикнување на деца, свирење на радио и мене ќе ми се собере срцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе не ги слушам од тропањето на возот, но знам дека викаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од старата кафеана во соседната улица се слушаше појака врева, придушено тропање на дајре, женски пискотлив глас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Па кога ќе се осигурам дека тропањето е од добиците, ќе си речам: блазе си им дека тие не знаат ништо. И се топам, како скрушец во ноќта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Калфите ги отвораа ќепенците на дуќаните. Овде-онде се слушаше нивното тропање.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Одоздола се слушаше тропање на чизми, во куќата и околу неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И само што почнавме да јадеме, само што се фативме за лебот, што се вели, однадвор почна да се слуша тропање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во следниот момент жестоко потскокна. На вратата се слушна тропање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама ова тропање може да е опасно, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе