тротоар (м.)
Одев несигурно по тротоарот и требаше, најбрзо што можев, да земам соба во хотел.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Пред него на тротоарот лежеше мало купче малтер, а во неговата средина јасно се гледаше тенка црвена бразда.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Виде деца како играат по тротоарот: Русокосото беше сонце и токму кога младиот човек минуваше крај него се одлепи од плочникот. Од косата му засветли злато.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Како да се поттурнати од улицата и тротоарите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Градот се затресе. Се отворија тротоарите и улиците и луѓето врескајќи испаѓаа во длабините.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Лисја од липите имаа испопаѓано врз тротоарите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Неколку вечери по случката тие се враќаа дома по левиот тротоар на бескрајната Пиротска улица. Пред очите им минат полуосветлени фирми.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Шеташе помеѓу масите, си го чепкаше носот и се чешаше меѓу нозете, обидувајќи се да им го згади ручекот на гостите кои му го окупираа тротоарот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Вртиме кружно и бараме место за паркирање. Паркинзите полни и тротоарите зафатени.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Одеше по калдрмисана улица со мали двокатни куќи, со издадени врати кои излегуваа директно на тротоарот и кои на чуден начин потсетуваа на дупки на стаорци.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Весниците се полни со среќа, по тротоарите талка висока лесноумност, а издувните гасови ги покриваат авениите небаре автомобилите се движат на прдежи од грав.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ане од чучната положба се потпре врз тротоарот, го засили плачењето и лицето уште повеќе ѝ се искриви.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
До тротоарот чучеше Ане со едно парче леб во раката и липаше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кој може кога врне и бришачите одат лево-десно да даде лев трепкач, да сврти лево без да го допре тротоарот, од трета да врати во втора по пропис... и сѐ тоа ОДЕДНАШ... Ни таксист!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Додека пловеа по преполните тротоари, никогаш сосем еден покрај друг и никогаш не гледајќи еден во друг, тие водеа необична конверзација во продолженија, која блеснуваше и се гаснеше како светилката на светилник, ненадејно прекината од приближувањето на некоја партиска униформа или од близината на телекранот, продолжена неколку минути подоцна од средината на реченицата, потоа нагло пресечена при разделбата на договореното место, и продолжена речиси без секаков вовед наредниот ден.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Две дебели лимузини, со гумите од едната страна по тротоарот пред сѐ уште ненаселените згради, а од друга страна по калта на идниот тревник – завртеа на десно и мешлесто тетеравејќи се, се изгубија во мракот и го оставија на чкрипавото цимолење на бришачите, сред пустата темнина на облакодерите без станари.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тргна кон центарот на градот и по изминати сто и педесет метри забележа жена во црно како тромаво се движи по тротоарот. Ете, во неа ќе се заљубам.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Липите жолтеат и дури по некој лист паѓа долу на тротоарот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)