трошење ср.

трошење (ср.)

Барабар учествуваше во приготвувањето на сѐ и сешто, само не во неговото трошење преку зимата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Причините за постојано присутната криза на слатка вода лежат во преголемото трошење на водата, за наводнување на огромни комплекси земјишта, за електро-енергетските централи и за сѐ појаката индустријализација, како и во нараснување на потрошувачката на вода за комуналната хигиена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Интроспективното трошење пари се разликува од ’обичното’ само по тоа што оној кој троши во првиот случај има малку повеќе чувство на вина.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ставањето фасада е трошење енергија, животот е краток за да го живееме со лажна престава за себе, пред себе и пред животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А мирисот што испаруваше беше од трошењето на влагата од топлината.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
„- Ах не, нема ништо од тоа: бадијала работа и залудно трошење пари,“ рече Петрович и Акакиј Акакиевич по овие зборови излезе сосема сотрен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури и кога средствата за војување не се навистина уништени, нивното натамошно производство е згоден начин за трошење на работната сила, а притоа да не се произведе ништо за широка потрошувачка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пингвини во Кенија се чист луксуз, беспотребно трошење средства и мачење на кутрите животни...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не верувам во преголемо трошење на плунката.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Комплетно бесполезно трошење време, си мислев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)