трпки само мн.

трпки (само мн.)

Од оваа помисла сети трпки по кожата и наидување на руменило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И сега денес по снагата ми минуваат трпки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од чешање ѝ идеа пријатни трпки по снагата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Некои трпки и покосници ми шетаат по снагава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дождот сѐ повеќе се засилува, но Богдан не станува од клупата под борот, пробивајќи се низ короната му паѓаат јадри капки на главата и плеќите, му ги пробиваат алиштата и му ја влажнат кожата ширејќи му благи трпки по телото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Осетив само некоја трпка: ми се качува ко ползавец и целата ме обзема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но сега се плашев од овие трпки, овие змии кои по нозете ме касаа!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Веќе ти е платното в дланка и четката и боите и раката прв пат ја чувствува изненадата на непознатите трпки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
По таа вест што ја донеле изѕемнати дрвари со големи шубари и со трпки под кожата, селаните попусто поставале заседи и острозаби стапици, најмногу по врвиците што се спровирале низ северната црногорица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Барите на улиците вриеја од мал потоп, од густо збиени клобуци и прскање на водени трпки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги изнајде и трпките преболености на сите болки во своето отпуштено тело; ги изнајде и сите истрпнати морници по својата кожа, а ја најде и таа лабава апсолутна отпуштеност во сите свои делови, во која не постоеше ни најмалечка желба за да се направи ниедно, ни најмалечко движење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Трпки му лазеа по телото. Забите му штракаа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Завивањата почнуваа веднаш крај нив, на неколку чекори од нив, тоа ги тераше при секој нов писок да се ребрат, збрани во студените трпки на страот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Врз едно невидливо катче од езерото, како непозната трпка врз телото, помина бледо, лесно разбранување.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Тукушто почнаа да ме облазуваат нежни трпки, на првата крстосница девојката тргна на една, а јас морав на спротивна страна.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
И неколку ситно брзи удари понесуваат звучни трпки, слични на меланхолично цимолкање по должината на цевката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
При секое погледнување во тие белини, Богдан го обзема силна возбуда; по телото му врват благи трпки и му се искачуваат во главата; го чувствува движењето на крвта во него, а рачката од фанглата и мистријата му се навлажнуваат во рацете и потреперува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Некакви трпки му минеa низ целото тело и тој пред неа ги ведеше очите, или пак ја завртуваше главата кон дедовците и нешто сакаше да проговори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога го заробија непријателските војници и кога со другите заробеници го построија крај брекчето да го стрелаат, тој од селото, долу под брекчето, чу свирење на гајда и почнаа трпки да му врват по снагата од возбуда.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Трпки, трпки надолу, ко да си испил лута ракија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе