трска ж.

трска (ж.)

Дува силен ветер, ги витка трските, носејќи го стреловито чунот по водата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сѐ што уште може да трча, да оди и да се влече, се упатува кон високите и густи трски.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Крај една осамена врба, на самиот крај од трските, Мече виде три плитки чуна, врзани за врбата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Високите трски како ѕидови го затвораа од обете страни хоризонтот, само над нив високо и некаде длабоко напред се гледаше тесна лента сино прозрачно летно небо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На овој простор пред шеесет години имаше големо мочуриште обраснато со разновидни тревишта и трска, послано со гнилеж од алги кои на далеку ширеа реа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ти стоиш на брегот врзан за трските со златниот конец на тајната.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Еден ден додека се печеше на сонцето потпрен со грбот на колипката и дремеше, чу плискање на весла и доаѓање на чун; потоа виде како низ трските се пробива кон него некаква жена облечена во црно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Погледот му се задржа на блатото и трските што се простираа далеку.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Некако изненадно и наеднаш им се исправи висок ѕид од трски.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го испратија со поглед сѐ додека чунот не се изгуби во трските, а потоа и тие тргнаа назад.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Потиснат од она што го чу, Мече молчеше и дури не смееше ни да го погледа својот другар што молчаливо веслаше низ трските.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Меѓу трските ми се подава една човечка глава, се ниша на вознемирената водена струја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Истоштена снага се заниша како езерска трска под ударите на ветерот и езерските бранови ... дури тогаш од душата ѝ се откорна некаква тажалка - де молитва, де клетва...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Трампал нешто за рибарската трска, но сѐ уште му се тука двата пиштола и пушката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Чунот се пробиваше тешко низ тесниот пат, просечен низ честата гора од трска.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го потпрев челото на тупаница: ноќ е, месечината се спушта ниско и со ергенски занес се мушка меѓу трски и грмушки не чувствувајќи ги гребениците, дишат дрвјата од надојдено зелено млеко на пролетта и се поткреваат водите на прсти да ги наслушнат тишините на далечините до кои ќе стасаат по дождовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го гледаа секој ден по сончево време или по дожд како шета крај брегот, се пика во трските, шеварот, рошка со рацете низ гнилежот и врбовиот густеж и ја полни торбата со секакви дрвца што ги наоѓаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Откако одврза еден чун, тие седнаа во него и потпирајќи се со долги притки по мочурот, обраснат со подводни треви, запловија низ трските.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
6 Во окото на камерата се сместени крајбрежните трски, мирнотијата на водата, мноштвото јата од разновидни птици, островот Свети Ахиљ и ѕидовите на големата, некогаш прекрасна катедрала во која се молел царот Самуил и неговите воини, високите езерски камени бели брегови во кои сѐ уште се сочувани пештерските црквички и келиите на калуѓерите- испосници и иконата на Света Богорица насликана на карпа сто метри над езерската вода.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Старчето не ми одговори. Меѓу нас лежеа трски и тишина.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Повеќе