труди несв.

труди (несв.)

Се трудам да го заслужам тој леб.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тешко е да го задржам погледот и да разберам дека колку и да се трудев да бидам среќна да уживам во моментите на задоволство имав чувство на непријатност, неприродност и грижа од вината дека тоа не го заслужувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Излегува спокојно и раскошно го огрева светот кој се труди да го стокми својот план за денот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колку што беше во негова моќ се трудеше да им се допадне на своите гости.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој се трудел до максимум да ги исползува солунските атентати заради компромитирање на револуционерното движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да работи и да се труди може човек и при постеснети политички услови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се трудеше да го апстрахира и да не го есапи многу, ама џабе.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Гемиџиите не се труделе да навлезат во суштината на анархизмот како филозофска концепција; нив најмногу ги интересирала и привлекувала практичната страна на ова учење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Всушност тој ги препрочитува моите недоизречени искази што лично тој ги има дотерувано и сега се труди да ги престори во вистини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прво слушна силно, непрекинливо кашлање, потоа го виде дедо Иван како седи крај распламтеното огниште и се труди да ја смири кашлицата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Никогаш не се ни трудеше да брои колку чашки испил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ливадата на ова сосем голо теме од моето присуство облик ќе си земе достатен за сите чудесни каприци што висат со набој на две овчји цицки во оваа прва архетипска штама прецизно се слушам како блеам сама се одбивам и пуштам во чисто звучни пруги моето ткиво да пропадне во флуид ливадата ин виво бесконечно ја рудам ме нема, ме нема не знам како пеам и зошто се трудам Знам, моја силуета но друга овца шета со оваа шепа.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Таа беше моја постојана придружничка и знаеше да ме разнежи и натажи, но јас не бев пишман што дојдов тука и се трудев да го оправдам тоа мое доаѓање и пред самата себе и пред моето семејство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Таа мистериозна игра, која јас така почнав да ја нарекувам, продолжуваше да трае сѐ до крајот на работниот ден и многу често ми пречеше во работата, особено кога се трудев да се задлабочам во нешто.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Додека Вера, одново ја прелистуваше книгата раскази на еден голем европски автор (за кого сите теоретичари и литературни критичари сметаат дека е вистински гениј), трудејќи се да си ги долови сите пропусти направени при првото читање, да ги одгатне сите потенцијални значења и нормално да се коригира во проценката што ја имаше за него, нервозно си ја корнеше горната усна и незадоволно мрмореше како може токму него да го сметаат за гениј, а историјата на книжевноста да му изгради споменик за вечни времиња.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога му се приближи на половина метар, позиционирано некако отстрана, одеднаш и понатаму не тргајќи го погледот од него, како да се трудеше да има некој сервилен однос кон гостинот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Никому не враќајте зло за зло. Трудете се да живеете во мир со сите луѓе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Секој се труди да се идентификува со околината која го опкружува, па доколку не најде своја рамка, останува сам како независна планета.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие мудри суштества кои молкум лазат покрај нашите нозе, така незабележливо, се трудат да опстојат во сенката на стопанот што го одбрале...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се трудам да се движам низ реалноста. Исклучок од ова правило се само соништата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе