труп (м.)

„Но ова се претпоставки" вели Поетот“ а ние, барем засега, можеме со сигурност да сметаме само на еден факт, оној, дека стореното зло во сонот не остава трага, па дури ни во случаите како во оној кај Данте: Верувајте видов и уште го гледам трупот кој својата глава место фенер ја носи лулајќи ја на мртвите коси! ...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зашто сечејќи ја неа се преполовив себеси во труп претворајќи ја својата снага и рака.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Труп сошиен со гнили конци и околу него кружат потковани скорни и проблеснуваат бајонети.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И бликаше на земјата во струи крвта врела од уште топлиот му труп.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Падна и неговиот труп врз лопатата со жар и курешници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А и труповите како да не се сосема мртви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
После ќе седнам на неговиот труп да се починам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се разбира, алкохолот е корисен сѐ до оној моменат додека не се напраиш стока и не почнеш да ја замараш околината па да зборат за тебе „Види го овој се напраил труп” и таков флекосан на рамења да те носат до дома со што ќе бидеш предмет на исмејавање.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сопнувајќи се на труповите на домородците и на своите или прерипнувајќи ги, сите со некакви грпки на замор врз тилот, Турците надоаѓале од сите страни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се ширеше тешка миризба на одамна изгниени трупови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мирно е сега сѐ додека лежиме обата два исечени трупа две болки два суви извора врз кои не слетуваат птици врз кои не пукаат песни.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Изминатите месеци не работеше ништо; две години беше вработен во еден институт за патологија, што значи дека околу две илјади трупови минале низ неговите несвесни раце; на некој необичен и необјаснив начин тоа го беше истоштило.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И се изврев некако од под труповите и крвта ми се пушти во жилите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крај трупот Кузманов со тага коњот 'ржи; и уште беше тој во крв; ја копка земјата и лад со гривата му држи на стопанот и другар прв.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Неговата утрена сенка лежела преку распарчениот и безобличен труп на младиот арамија или бег.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога ноќе, шепотејќи со дланка на уста молитви, ќе се сетел за таа глава, умирал; не можел да не мисли дека нејзиниот труп гние во призрачната куќа-кула чија чкртава врата непрекинато ја отворал и ја затворал лут северен предвесник на долга и тешка зима низ чии виулици ќе се тетерави безглава сенка на еден непокорен поет, оној што пеел помеѓу истрели за своите неродени деца и за нивната непозната мајка меѓу ѕвезди и сини пеперуги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По еден нерод, не толку старечки колку продолжување на кошмар, разбуричканост врз која пливаат трупови на мртви мисли, Богдан Јанков се обиде да ја поврзе нишката меѓу парчето рај од сонот и рајот од кој светецот во шарена одежда им покажува на крстените паганици дека православјето им носи благодет, посребрена чубрика за толчење или за венче околу глава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И земјата поцрне од турски трупови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Околу него куп празни чаури. Нозете му се одвоени од трупот. Како да сакале без него да побегнат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А Гегите паѓаа и го оставаа својот врел труп на земјата прашна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Повеќе