туберкулозен прид.

туберкулозен (прид.)

Несомнената драматика на свршетокот: шиштењето на воздухот од хармониумот што ја проследува туберкулозната песна на Ѓорѓи, и стакленото око на неговата верна, несакана сопруга, што реско се тркала на подот, барокно ја украсувам со паралела од книгата прочитана попладнево: - Во сценска смисла, чувствувам дека тоа беше постепена смрт од највисок ред, како самоубиството на Потоцки, кој, самиот излеа куршум од златната дршка на шеќерникот, подарокот од мајка му за полнолетството, го благослови во домашната капеличка и осамувајќи се во библиотеката, со него си го разнесе мозокот. – Ужасно.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Зачудувачки јасно, наеднаш, пред во сиво палто какво што и денес носат руските жени активни на очи му се појави сликата на човекот што сестра му го сакаше - полето на социјалната политика: прекрасна, прекрасна душа која, единствениот што воопшто некогаш го сакаше - гаршиновски на прв поглед се чинеше дека живее мудро, вешто, неуморно, но тип, налудничав, туберкулозен, впечатлив човек, со брада црна која откриваше меланхоличност што само тој ја забележуваше и како ќумур и со цигански очи, кој ненадејно се уби заради поради која и ја сакаше толку многу. друга жена: крвта на неговата кошула, малите стапала во убави Во безличноста на берлинската гужва во трамвајот имаше чевли.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Кога авторот допатува во Торонто, Едо веќе беше во брак со Су која, подоцна, му роди две деца – едно машко, Дракче, на името на татко му, жртвуваниот туберкулозен партизан и едно женско – Енџи, име по желба на Су, но под услов Едо да ја вика Ангелина, Геља.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)