тутка (несв.)

До станицата под багремје се туткаа две-три жени со кошници полни кајсии за продавање.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се туткаа потоа со човекот што го тераше во долга просторија, без достатна виделина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така ќе си редам во себеси и ќе се туткам на скалите, пред врата. Сама со ноќта, со ѕвездите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа се туткаше како некое сиротно маче во близината на наежен пес што широко се рашетува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И се прегрнуваат, си ги туткаат новите алишта...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се туткам на креветот, како дете повојниче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го туткам сето во мене, го стегам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жената ми го тутка лажичето со трошка двопек.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Парче дрво или метал, рачно изработена палка, шуплива во средината, во таа дупка со години околу 22 милиони Југословени ги туткале своите ливчиња - честитки за неговиот роденден - симболично пренесувајќи ја палката од рака во рака како залог за братството и единството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но во следниот миг таа жестоко се збира, тој ја тутка, ја парчосува сликата, а лицето му го искривува неубава насмевка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се наведнува, го збира, и пак го тутка, го гмечи со палецот, го витка, небаре дете да повива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Постојано додавајќи вода и плева, оваа, плевава, ги стегнува и има дава цврстина на лепешките, постојано газејќи ги и со мотики претурувајќи ги од едно на друго место, од купот лепешки правеа еднородна маса, која, после, лесно можеше да се тутка и да се лепи под стреите, спроти сонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите тие имаа пластични кеси или торби што ги туткаа под мишките и во скутовите, жените дури и како да ги напикуваа меѓу нозете.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој, иако му се паѓаше некаква улога на предводник и закрилник, не чекаше долго да му ја предаде иницијативата на Ордета, и да се пушти да биде воден од своето крштениче, на кое и без тоа му домачне да го гледа како се тутка и како одвај прозборува по некој збор, со загубен глас, на оние две-три места каде што прашаа за стан.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Е ај, со здравје, велам и го туткам писмото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но неговото постојано присуство и верност, исто така можеа да ја закрепнат надежта дека за ден-два сѐ ќе се измени, да не беше чемерот на душата кој се туткаше од солзите како натопено алиште.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се туткам и се држам за Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само го погледна Глигора, кој презриво го туткаше челото. И Глигор насетуваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се вртеше во постелата возбуден, нервозен; се поткреваше одвреме-навреме и пушташе рака кон столот, ја пофаќаше празната кутија од цигари, ја отвораше, чинејќи му се дека не ја избарал добро, дека ќе најде некоја преостаната; пипкаше со прстите низ нејзината внатрешност како слепец, како болен човек што посега по некој спасоносен лек; ја гмечеше кутијата со сиот бес туткајќи ја во рацете.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Не, не. Тоа не е за таму. Тоа е за да го тутка машка рака...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Повеќе