убедливост (ж.)
Заради потврда на сопственото дело во сегашноста, тој се потпира на минатото онакво какво што го согледува тој и во тоа настојување тврдоглаво ќе ги пренабрегне не само историските документи туку и фактот дека автентичноста на пронајдениот ракопис, колку и заводливо тој да нуди убедливост, не може да се провери бидејќи носи во себе субјективност на наменски пишуван животопис.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Убедливоста на тие луѓе дека овие неколку конци преку црните реки се мостови се состои во тоа што навистина ако сакаш да преминеш преку онаа страна наваму преку реките – можеш, но ела обиди се да поминеш одовде натаму.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)