убедува (несв.)

- Востание е борба за слобода, против Турците, ќе ја ослободиме Македонија – ја убедуваше тој.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Го убедуваше да заминат заедно зашто од фашизмот, италијанскиот или германскиот, не може ништо добро да се очекува.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се мачи ли да ја разбуди, одново да ја оживи или ја убедува да не ја прогонува по смртта?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар да ги убедува грдите сеирџии дека она, што го сметаат за нејзина слабост е всушност нејзината најголема среќа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ме убедува дека ова не е Среден век ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се убедувам дека истекла во црвената боја на фломастерот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Нашите даскали нѐ убедуваа дека е тоа шунд литература.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Одеше во предилниците и ткајачниците, и ги убедуваше жените да ѝ се придружат во борбата за исти права со мажите, за право на глас, и за можност за политичко дејствување, а полицијата ја приведуваше; ја осудуваа на лежење во самица сѐ додека брат ѝ не измолеше да биде ослободена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имено, токму како кадровски референт доживеа партиската организација на установата каде што работеше да се изјасни за Инфорбирото, и покрај тоа што нему пена му фати устата убедувајќи ги во спротивното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И дури вујко му Ѓуро му даваше кора и печено бравско месо да јаде и го убедуваше дека уште е малечок за комита, Крсте сѐ повеќе се намуртуваше и уста не му се отвораше — не му се каснуваше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Колку повеќе беа убедувани во непостоењето на бога, овие луѓе во повоените години на комунизмот толку повеќе веруваа дека Бог постои преку испратените кози за овде да продолжи животот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не убедувајте ме дека сончевата солза беше капка моја пот. Попусто ќе е.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Нѐ убедуваат дека тоа не е можно, дека мажите секогаш мора да владејат, но постоела ера кога жените владееле.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој побара три цени, та овие веќе му дадоа една и пол, но Петруш и понатака се колне во денешна света Петка, утрешна света сабота, други денешна света недела и сите годишни светци, си ја пцуе по десетти или стоти пат мајката оти не сака од нив да печали, и исчепкува уште една четвртинка од вредноста, убедувајќи ги своите пријатели дека им ја дава стоката „под зијан, само и само да не ги пушти на друго место, да им услужи, и да не речат прилепчани оти на Петруша му избегале муштериите и отишле на готов пазар кај комшијата Плашета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Каде и да одеше, кого и да убедуваше од власта, а во партијата немаше пристап, брзо ќе завршеше како сомнителен, ќе го испитуваа, ќе копаа по уште незалечените рани од блиското минато.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Останував изолирано заштитена од психологии на мислења и живеења, кои се наметнуваа заедно со физиката – секогаш жедна одново и одново да се убедува во закони, низ слободни паѓања во математички насочената паралелка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Мајка ми одбиваше да даде какви било информации околу значењето на таа нејзина среда во која двете ќе заминеме за Париз и ме убедуваше дека треба да бидам стрплива и да чекам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Арсо се убедуваше веќе дека помеѓу нив се стопува различноста и нивните преживувања се еднакви.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но таа немаше намера да се убедува себеси дека Круме Волнаровски сега така размислува.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Немало потреба него да го убедуваат гемиџиите дека таа Организација сѐ уште не била подготвена да го поведе народот во општо востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе