убиец (м.)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Убиецот веројатно би тврдел дека воопшто не бил на местото на злосторот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во историската хронологија Херои и Убијци и во романите Мара и Лавот од Јанина прозната структура е градена врз темелите на животот на Македонецот во Македонија и врз историските настани на Балканот од крајот на осумнаесетиот век, преку Илинденското востание и Првата светска војна до предвечерието на Втората светска војна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Мозокот сакаше да ги претвори во убијци додека во нив длабоко беа вкоренети жилите на животот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Потоа, останете таму над него и разгласете дека е тој убиецот на Ѓорчета и дека вие сте му одмаздиле во името на Македонија.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Убиецот тргнал токму мене да ме бара.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Убиецот бара прошка: „Како да се молам и како да простам кога омразата си го пронајде своето почивалиште во моево срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се будам во солзи и пот, оваа ужасно потресна слика која ја рефлектира мојава душа ја шатирав, ја исенчив и ја покрив со бело кадифе, но во полноќната тишина сѐ уште ја слушам исповетта на убиецот на моите чувства: „Се плашам од тоа што сум, од огнот чии пламен се чувствата и мислите кои водат битка во мојава душа, која гребе по ѕидовите на сопственото тело.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кај муслиманите владеело општо мислење дека животот на четворицата гемиџии ќе биде поштеден како одговор на помилувањето што го извршил рускиот цар на убиецот на рускиот конзул Шчербин.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Можеби е од оние проколнатите што сме ги гледале по филмовите, можеби во неа скапува телото на некој убиен човек, или пак се крие некој страшен убиец, а можеби ноќе, таму, некакви вештерки подготвуваат отровни пијалаци за маѓепсување на децата?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Каква нискост! Убиецот се мотка под нашите прозорци, а дебелиот адвокат ме советува да се средам.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во спомнатиот Културен преглед што ти го имаш подготвено присутни се дури и такви размислувања како она дека прозаичното и бирократско секидневие може да повлијае дури и некогашните борци за слобода да се преобратат во обични убијци.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сетики убијците биле наши луѓе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И детето на убијци е дете како и сите други деца.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Настаните се иследени и пресудата е изречена: Македонците се престапници, јакобинци и убијци!
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Некако, како од длабина, се слушаа извици на демонстранти кои бараа да се прекине војната во Виетнам, извикуваа против амерканскиот империјализам, против Никсон кого го споредуваа со Хитлера и го наречуваа убиец на светот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Директорката на програмата ми забележа дека сум постапил многу наивно кога сум го оценил онолку позитивно и дури препорачал за гледање филмот „Ние сите сме убијци“ во кој некогашните борци за слобода, во Франција, сега, како цивили во животот наеднаш стануваат убијци!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Другата страна пак, српската, своето чудовиште го креира од елементите на хистеричното православие, мешајќи ги православните икони со опинците, фолклорниот лелек со четничките ками и брадестите убијци.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Крај, си реков, ова мора да е крај, сега ќе излезе од зад некое дрво манијакот, убиецот, и ни парче од нас нема да остави.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)