увертира (ж.)
Секое негово дело има своја приказна за раскажување; понекогаш тоа е само запис од настаните на еден ден како во Пасторалната симфонија, но раскажани со гламур на поезија и романса, така што, додека слушаме, привремено ни ја враќа младоста; понекогаш тоа е трагедија која се расплетува, како во Сонатата „Апасионата“ или во Петтата симфонија; или тоа ќе биде Увертирата „Кориолан“, таа зовриена, бурна ферментација на емоции и страст, најразновидна, најконтрадикторна, најразлична што може да се замисли.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Иднината, ако тоа досега не го постигнале минатото и сегашноста, ќе ги разјасни определбите на овој исклучително комплексен и антологиски автор, за кого со право може да се каже дека напишал ремек дело за тажната увертира за запустувањето на нашата Магна Матер Македонија, за трагичните историски реминисценции на вечниот македонски народ, и за македонската дијаспора.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не сум заробеник на спомените, сето она што го перцепира моето око и ги впива во себе прозаичните секојдневни доживувања и илуминации, создава во мене катарзичен порив, ундулација на чувствата, а филтерот се фабулозни увертири на секојдневните драми.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Балетската музика „Прометеј“, опус 43, составена од увертира, вовед и шеснаесет нумери, првпат била изведена на почетокот на 1801 година и веднаш постигнала успех, толку голем што веднаш била објавена како музика за пијано.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Новосоздадените држави можеме и да ги акцептираме како обид за политичко, културно и цивилизациско центрирање и како увертира за една целисходна и експлицитна еманципација на локалното (специфичното) со универзалното (глобалните системи).
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Оваа задоцнета пролет ме потсети на тој почеток, фабулозна увертира, а сега веќе исконска слика која ги впива во себе сите моменти на среќа...
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Исто како в кино, само уште да галопираше грамофонската плоча со завршниот дел на увертирата од Вилхем Тел.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Така беше до пред некој месец, кога, качувајќи се по скалата (тоа беше само увертира за мојата точка на трапез со Ина и Светлана), забележав дека ја губам рамнотежата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Како што реков на почетокот, Династија на еден начин беше увертира во овој таксират кој што не најде со шпанските серии.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Германците, секако, преовладувале, но имало и Унгарци, Италијанци, Словени, Чеси, Полјаци и Турци.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)