увилен (прид.)
Денес ме виде во паркот како седам, и кога пријде увилен, блед и стресен јас сетив дека непознат човек гледам како што гледа во мене таа есен.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
По малку време се враќа целата увилена.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го гледам така, секој ден увилен, само молчи и само се сука. Стои задуман и ништо не му се работи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Увилено го пребаруваат џадето, ендеците, бозјакот и бурјанот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
— Види го, види го, Нешко, ној шебек поповиот, шо попче се направил — ја задена мајка ѝ, гледајќи ја така увилена покрај себе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И Ѕвездан ми отиде, велам, така увилена, вудвосана. 172
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)