угаси (св.)
Пред да ја угаси ламбата и да се седне уморен во фотелјата, нежно го истури купчето пепел на дланката и тивко кажа еден збор. Розата се појави.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Толку е силен тој огин, да падне морето и сите реки у тој огин, не можат да угасат ни една искра.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Откога ја угасија светлоста и си легнаа, Пискулиев и Миле поминаа уште некое време во разговор.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Угаси го светлото и запали свеќа – со палтото во рака, се повлекува во бањата. Свеќата ја залепувам за пепелникот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Како да криеше нешто под дланките. Меѓу прстите ѝ стоеше угасената свеќа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А кога Андон ги истурка сам парите на подот, по кој се колчеа пејачките, Филе не се здржа: - Мм... Шутрак...- промрмори налутено и нареди да се угасат ламбите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Ајде боже, поможи", ми рече тој, тргна од пагурчето и го пробуцка лулето што беше се угасило дури го слушаше Ристета, па му вели: — А бре, така си е, Ристе сето шо го велиш, токо кога ќе заслепее човек, нишчо не му се гледа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дојди без намера, дојди случајно, дојди без каење, зборовите не ги изговарај, мислите ги знаеме, копнежите се силни, чувствата се исти, угаси го светлото, привлечноста на телата веќе не опи, заведиме, посакајме, зошто сум страст и љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога доцна во ноќта Бути ги затвори капаците, беше убеден дека таа и утре вечер, откако ќе го угаси светлото, ќе излезе на прозорецот заради него. И така беше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Плашејќи се да не излезат агите да го угасат огнот, му запна еден истрел од шејшането на тој што ја отвори вратата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)