удави (св.)
Луѓето само подбелуваат, што се вели, во капка вода да ме удават.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дали ќе видите некој сон оти јас се избавив од улавото море што ќе ме удавеше?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Бре овде ќе се удави гемијата, бре онде ќе пропадне, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та кога се удрила од камењето, парче по парче се направила; сите што беа во гемијата се удавиле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исфрлило далгата на суво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Мислиш некои сеништа залегнале, се притаиле на снегот и демнат да те удават.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пусти Силјан тогај дури се сетил оти штрк е и може син му да го удави и умре, ако не беше му свикала мајка му на Велка да го пушти од раце, и умирачка ќе си го најдеше, чунки можеше да го врзе Велко со еден сиџим за нога и да си игра со него, како што си играат деца кога да врзуваат врапчиња и чавки.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– „Море не велете ми аџија, бре селани им рекол Силјан, оти не би касмет да одам на аџилак, чунки дуовникот што ме зеде да ме носи се удави в море; оставете, браќа, не е за кажување и за верување тоа што сум патил во овие две-три години, ама ак ми беше тоа што сум патил оти од таткова и мајкина клетва не сум верувал.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Река да ми тече од очите, ќе си го удавам детето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од тие зборови што ги слушал Силјан штркот, голема жал му идела, што дури сакал да се сам убие или во бунарот да се удави; арно ама душа е мила, пак се попишманил.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
7. Реката во која еднаш не се удавив е веќе пресушена.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Глупост! Тој ќе е удавен и нема ништо да рече. Само ќе лежи глекав и ќе гледа на две страни.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Дали од алвата му залетна, дали од некоја питулица, дали од ракијата или од чадот, ама гледаме ќе се удави. Помодрува во лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
– „Не ќе жалав толку, Боже, си велела со жалосен глас, за Силјана мој, ако беше умрел овде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам кога в море може да се удави одејќи на тој пусти аџилак.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Тогаш моите добри пријатели, бубачките, тревите и цвеќињата ќе се удават во солзи.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Арно ама залудо што чекал Силјан, чунки дуовникот и сите друзите што беа во гемијата, беа се удавиле.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Се удави во пиењето и во бдеењето во бескрајните ноќи по кафеаните, каде што можеше секој да го навреди, да се подбива со него. Така долги години.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Смеата што се струполи врз нас од ридот ја удави песната во нашите грла.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да ме фрлеше тогаш во вода ќе се удавев.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Што се клештиш? го прашала жена му. Ја удавив, се клештел малиот човек и понатаму.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Го барав и во Судска медицина, да не се удавил па да го нашле како непознат леш.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Па, не се удавив, а можеше и тоа да се случи.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)