ужасен (прид.)
Продолжи првин со одење, во кое имаше и демнеење на мигот, во кој таа и би се вратила, а кога човекот немаше со што да фрли, таа зеде пак да се шиба огромна и блиска, каква што беше, за да можеш да ги здогледаш и црните српови од ноктите на нејзините шепи, за да можеше да го видиш секое превиткување на тупата болка во нејзините скокови, за да можеш да ги видиш и нејзините крвави непца, за сето време испуштајќи некакво подмолно завивање, полно со една ужасна, здржана, придушена бол, а Змејко, кој уште на првиот нејзин чекор знаеше дека ќе мора да отстапи, сега, кога она завивање нараснуваше во некакво ужасно стенкање кај она ѕвере, готово да расчешне сѐ, што ќе му се најде на патот, го сети дивиот ветер како го подига угоре и како го урива во провалијата под неговите петици и расплакан и сосема совладан тој отстапи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега тој многу јасно го виде на белината и своето зрно како одлета од врвот на неговата пушка и како ја фати насоката на она ужасно ѕвере, просто следејќи го в петици и сигурно настигнувајќи го, сѐ додека не се вкопа во неговата распафтана арамиска зачекореност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ужасната врска на коренот говори дека не владее поразениот, но дека и победникот и поразениот имаат автобиографија на големи страдања, и секој на свој начин: секој светец има своја карактеристична брада и одежда.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Татко ми, како секогаш откога се разболе, молкум читаше во фотелјата, со грб кон вратата, далеку од куќата, во ужасната осама со која се мачеше себе си и другите, во која тонеше упорно, тврдоглаво, обземен од сопствената слабост.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Клекна и откри дека може да се исправи сам во стоечка позиција со ужасни болки во бутовите и во листовите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во неа полесно се одгатнува дали ѕвоната од Кремљ ги опоменуваат спанковците или ужасни соништа ми ја расипуваат ноќта.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Така фрли, и уште веднаш знаеше дека во своите раце држи една таква ужасна направа, пред која ќе отстапи сѐ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Револуцијата стана и иако има најужасни последици за нас, пак даде некои благодатни резултати со коишто можат да бидат задоволени нашите борци за национална слободија: тоа се Мирцштегските реформи3, кои ќе бидат раширени спроти нуждите што ќе се покажат со време.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тоа волкот просто ја имаше во својата уста неговата крв и трепереше од нејзиниот вкус, а во тоа имаше и една таква безизлезност, што тој не беше во состојба да не се подигне од петици, речиси маѓепсан од едно такво ужасно навестување на една ваква чиниш од самото дно на пеколот извадена и зачекорена и наеднаш толку необорива вистина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И сите тие заедно низ себеси ја проповедаат големата тајна за чистата твар на зборот, за блажената вода и за ужасната топка на мракот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Татко ми беше близу до сознанието дека козите од овие балкански предели сигурно колку-толку ги ублажуваат последиците од ужасната „класна борба”.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Модрици по телото, очај во душата, чиста рапсодија и ужасна мелодија во умот за нагрдената убавина и помодрената слика на платното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
А авионите не престануваа со голема бучава ниско да летаат и да бијат со долги митралези рафалии и страшни беа грмежите на бомбите и ужасен беше пламенот што се издигнуваше над рамницата и ги снемуваше гласните викотници и лелеци на луѓето кои гинеа под бомбите и гореа во пламенот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ужасно контрадикторни чувства ѝ го раскинуваа целото тело. Ја жежеа во мозокот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Речиси сите деца денес беа ужасни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Најважно од сѐ беше веднаш да прозбори, пред некој да дојде, но сега го обзеде ужасен страв.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Колку ни значеше таа во сите овие ужасни денови... Ни беше незаменлива...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Беше една ужасна лутина, од неа очите крваво му просолзија.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Горев во ужасна телесна страст.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Немоќта да го изменам овој ужасен свет во кој живеам ме тера стократно повеќе да го сакам ближниот свој - како затвореник, како соучесник, додека заедно ждереме кременадли во некоја мрсна гостилница...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)