унапредување ср.

унапредување (ср.)

Требаше добро да се искористи и за свои цели, а најмногу за унапредување на републичката хиерархија на власта.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сметаше дека е очигледна вистина дека NAACP (National Association for the Advencement of Colored People, Национално здружение за унапредување на црната раса 9) е комунистичка конспиративна група посветена на стопроцентно вкрстување на белата и црната раса, и дека џентлменот од Вирџинија е всушност Ubermensch, конечно пристигнат, но спречен во исполнувањето на судбински важната задача само благодарение на злобните сплеткарења на њујоршките Евреи.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Понатаму се добива унапредување во курир. После тоа добиваш пушка.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Синдикатот е самостојна, демократска и независна организација на работниците во која доброволно се здружуваат заради застапување, претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нејсе, и покрај тоа што можеше да забошотува, работеше како на норма, ама тогаш трудот поинаку се вреднуваше и - оп, ново унапредување!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Императивите на надворешен и внатрешен план остануваа исти: да се брани неврзаната политика и да се работи на унапредување на економските односи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Отворам весник: во Алма Ата ќе се одржи советување за унапредување на земјоделството.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во меѓувреме, Фискултурецот доби унапредување од Партијата: го унапредија во директор на училиштето, а стариот замина во пензија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Работодавачот е должен да планира мерки и средства за обезбедување развој и унапредување на безбедноста и здравјето при работа и за менување на постојните технолошки процеси со помалку опасни, односно со побезбедни процеси (чл. 8, ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие одлучуваат кој ќе биде избран во марионетскиот парламент, кој ќе се вработи во државната администрација, кој ќе добие унапредување во повисок чин во гардата...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
27 ноември 2009 во с. Винени, делот на Македонија во рамките на Грција премиерите на Албанија Сали Бериша, на Грција Јоргос Папандреу и на Македонија Никола Груевски донесоа Декларација со која се заложуваат за понатамошно унапредување на соработката меѓу трите земји во областа на животната средина.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Претпоставувате, следеше унапредување - кафекуварка во главна дирекција. Не беше среќна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Најголем број од работниците беа мотивирани за работа, бидејќи имаше можност за унапредување, а вработените меѓу себе се почитуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Избран или именуван функционерот не смее да врши влијание за вработување или унапредување на член на 99 неговото семејство во органот во кој е избран или именуван, или во друг државен орган или ЈП, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал – врз кое врши надзор органот во кој функционерот е избран или именуван (чл. 29, ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Притоа ваквата оценка е основ за зголемување или намалување на платата, утврдување на парична или друг вид материјална или нематеријална награда, унапредување или распоредување на работно место на пониско ниво, или прекинување на работниот однос, на начин и во постапка утврдена со закон и со колективен договор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и поради сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може – на посреден или непосреден начин – да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, а посебно преку намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на унапредување и/или стручно усовршување (чл. 11, ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но тој се сомневаше дека неговиот шеф може да го попречи неговото „унапредување”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Придобивките до кои дојде со донесувањето на овој закон се следните: отстранети се формалните пречки за воспоставување рамноправност меѓу жените и мажите, преку превенција и воведување услови за еднаков третман на жените и мажите; забранета е дискриминацијата врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор и воведени се нормативни мерки од различни области за спречување на оваа дискриминација; се дава приоритет во случај на нееднакво учество на жените и мажите во телата на власт на сите нивоа; воведени се охрабрувачки мерки насочени кон елиминирање на нееднаквиот статус и се пропишани програмски мерки за подигање на свеста, како и за изработка и спроведување на акциони планови за поттикнување и унапредување на еднаквите можности.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Размислуваше така за себе Јагулче Дримски, небаре беше црвен отомански валија, во сталински вилает, во очекување на катил-ферманот, или ферманот за унапредување.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ова патување требаше да му донесе позитивна оценка од Централата и со тоа сигурно унапредување во кариерата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе