универзитетски прид.

универзитетски (прид.)

Со диплома на градежен инженер се вработив во Дирекцијата за обнова и изградба на Скопје и ја градев Народната и универзитетска библиотека, Архивот на Македонија и Институтот за национална историја, Театарот на народностите, Музејот за современа уметност и комплексот музеи на Македонија и други објекти.... Таков пат поминав...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој не можеше да доживее целосна рехабилитација, односно да му ја вратат универзитетската професура и местото шеф на Катедрата за педагошки науки при Филозофскиот факултет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Макар што содржината на оваа дисертација десет години по нејзината одбрана во Париз, во неговата родна земја може лесно да го чини глава, според тајните домашни универзитетски рецензенти жедни за брза кариера и подготвени да му го заземат местото на можеби единствениот докторанд, во докторскиот труд на Климент Камилски вриело од „прозападните декадентни идеи во воспитувањето“ кои не биле во согласност со социјалистичкото воспитување на детето и доминирале просоветските идеи во времето на Информбирото во неговата земја!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во неврзан разговор се ближевме кон универзитетскиот град Дармштат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Збирштина од универзитетски професори со копи пејст препишани учебници и стотина научени латинизми ја замајуваат јавноста и дрндаат со своите колумни за етика задскривајќи се зад сопствените манијачко педофилско страсти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Познат српски прозен писател, историчар на српската книжевност на XVII–XIX век, стручњак за барокот и за симболизмот, преведувач на Пушкин и на Бајрон, универзитетски професор и член на Српската академија на науките и уметностите од 1991 година.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
124. Охриѓанецот Маргарит Димица (1824-1903) е еден од истакнатите приврзаници на грчката националистичка пропаганда во Македонија, а во своето научно дело, како универзитетски професор во Атина, се определува исто така само за старата македонска историја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Сега тој пред Татко по некогашната сорбонска одбрана, небаре се наоѓаше пред нова, балканска одбрана и вистинска рехабилитација, која не можеше да му ја донесе ниедна тогашна и идна универзитетска институција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Треба да нѐ радува дека на ниво на едно основно училиште разговара висок стручњак, универзитетски професор.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сите знаеја дека тие места се поради издувните гасови: крстосницата кај народна и универзитетската библиотека „Климент Охридски“, кај плоштадот Слобода и кај бензинската пумпа на Авто-мото сојузот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Никола Ковач, писател, универзитетски професор Fiction du totalitarisme, Paris, 2002 Козите постануваат симбол на руралната слобода која беше одземена од Урал до Јадранското Море по напуштањето на НЕП во СССР до воспоставувањето на колхозите на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас сум универзитетски професор, мојот работен однос мирува.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Почнуваме со фантастичниот експеримент на Изуми Кијо, архитект и универзитетски професор, кој за време на пишувањето на есејот „ЛСД и архитектонскиот проект“ предавал општествени науки и го водел еколошкиот програм на универзитетот во Саскачеван.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
67. Д-р Стојан Данев (1858-1949) е истакнат бугарски државник и универзитетски професор, русофил, кој во периодот од 21.12.1901 до 5.5.1903 год. (како и подоцна) беше министер-претседател на Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше речиси „ѕвезда” во универзитетскиот Латински кварт, а неговите предавања за Кант, Бергсон или Ниче се прераскажувале меѓу неколку генерации студенти.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Ученичка сум во ОУ „Кирил и Методиј“ што се наоѓа во близина на една од црните точки во градот, раскрсницата кај Народна и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“. Молам да објасните што значи три степени на вонредни мерки?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не беше толку во прашање некаква тапост на самиот универзитетски живот, колку тоа што, благодарение на сите тие алтернативни информации и сознанија за животот на социјалното дно кои вешто се инфилтрираа низ бршленовите огради, почнувавме да стекнуваме осет за останатиот џагорлив надворешен свет.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Силвана Симоска, универзитетски професор по германски јазик Семантичката единица односно конституентите (лексемите) на глобалната метафора Времето на козите во наративниот модус на книгата на времето на тоталитаризмот (сталинизмот), асоцира на оние луѓе кои преку жртвите кои ќе му подигнат храм на својот духовен и идеолошки водач.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од неодамна тој има нов проект, поддржан од некои големи американски универзитетски лаборатории.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќе