упатен (прид.)
По толку години, брат ми ќе биде тука, во куќата во која сме растеле, и ќе можеме да се потсетиме на сите оние минати години, на луѓето и настаните, на нашата сиромаштија, на оскудицата која, во заедничкиот живот и топлата упатеност, се претвораше во доволност и радост.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога најпосле ги отфрлив алузиите што сакаше да ми ги припише нивната задоволна смеа, им објаснив дека моето интересирање по однос на облеката е упатено на можно откривање на некоја нивна особина која би се изразила дури и во тоа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Или, и пред да го вчудовиди таа сличност, бил упатен во врската на жена си со Ролан, но молчел чекајќи да го види крајниот резултат на таа врска и какви последици можат да произлезат од неа?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Средбава во вагонот, а потоа и моето присуство веројатно ѝ се чинеле и премногу податлива околност за излевање на некоја нејасна завист а можеби и на горчина во која не бев упатен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Беа прочитани и протестни писма упатени до претседателот на Владата на Собранието на Република Македонија и до Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Измислениот возбудлив свет беше оаза кон која беа упатени сите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нашите мисли се упатени кон нив и ние остануеме на тоа сите Македонци да бидат обединети во својата татковина.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Прекорот беше речиси неусетно упатен кон мајка ми.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
56. Бидејќи овие зборови им се упатени на членовите на МНЛД и на интелигенцијата надвор од Македонија, каде што постоеја извесни услови за слободен развиток на македонската национална научна мисла, тие имаат оправдување, но не можат во целост да се однесуваат и за македонската интелигенција што се наоѓаше во земјата, па ни за онаа во соседните монархии, зашто не постоеја ни елементарни услови за таква дејност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Никој не може да оспори дека таа беше главен организатор на сета оваа програма и многу детски искрени топли погледи на учениците беа упатени кон Вера.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Моите сопатници од земјата рамнодушно го слушаа говорот, небаре им беше упатен на други.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Спомнав некои моменти од заминувањето на мајка ми кон планината што можеби нѐ приближуваат кон нејзината патека на вистината, но сепак никогаш не сфатив кон кого беше упатен оној нејзин прекор, (за грдотиите и убавините на животот) и тоа изречен толку отсутно, без секаква врска со претходните размисли.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Веднаш после потпишувањето на решението за технолошки вишок, Митревски се одлучува за неговиот случај да консултира упатено лице од правната струка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дваесет години подоцна австрискиот војсководец генерал Пиколомини во писмото упатено до својот цар нагласува дека тврдината е ѕидана на стар начин, сега наполно без одбрана и вода, без простор за коњаница.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Го повторуваше многупати во животот зборот амбасадор, во различни ситуации, кога историјата се закануваше, а нејзините мисли беа упатени кон Истанбул.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И почнаа да се виткаат листовите на огнот, да се мешаат љубовните зборови упатени до мене, со оние упатени до неа, испишани со истиот ракопис, како што ни се мешале микробите од устата, патогени и непатогени, и вагиналната флора...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Човечето се чинеше пресреќно поради упатеноста во тајните на сезоните и на нивните бои.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Друго е да е во борба, да си упатен некаде, на некого.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Крцкаше животот, беше претоварена кола упатена кон бездна.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Романот е фасцинантна вивисекција на балканскиот дух, предадена низ една интимна фокализација (на дете кое е сведок на интелектуалните разговори на двајцата балкански Дон Кихоти), со чести и луцидни коментари на човек упатен во сите научни области сврзани со балканологијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)