упаѓа несв.

упаѓа (несв.)

Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потем упаѓаат полицајци, возбудени и зли, на секој затвореник му се вгледуваат в очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И ја отвора вратата. Во куќата упаѓаат униформираните.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Станковски е прилично контроверзен човек, така што и покрај скафандерот на питомост што го навлекол (ко заштита, или етички принцип?!) последниве години, сепак се чувствува снажна енергија на преобликување, која не ве остава рамнодушен, се разбира, па брзо упаѓате во вртлозите на љубов- омраза што ги емитира тоа корпулетно тело на господинот сликар.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Долго не можев да заспијам, замелушен од рајот глетки од праисторијата, во кои бронтопсот, пробивајќи се низ џунглата од џиновски папрати, во скржавата светлина на праисториското утро, без престанок ждере плодови, инсекти, јајца, корки леб, кобасици, и некои растревожени човечиња што безглаво упаѓаа во неговата расчепена, лигава челуст...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Каде ви се? – Ги дадовме! – прифати мајка ми, навикната да одговара прва, кога упаѓаа туѓите војски в куќи, во отсуство на татко ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Напуштеноста е фатален ефект, стапица во која луѓето упаѓаат благодарение на својата непромисленост и верување во илузии.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се правеа потери: се опколуваа и пребаруваа сите места во селото и околу него, се правеа проверки и во другите села, упаѓаа џандарите ненадејно во куќите, плевните, кошарите, бачилата, пештерите, се пребаруваше секое делче каде што се претпоставуваше дека Анко се крие, но безуспешно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Оној другион го губи тактот, несовладливо му упаѓа во мислите на Арсо, кој сега смело ги урива неговите доводи: „Ви е судено да умрете не од вашите зборови, туку од нашите бомби“! Страшно е да се гледа тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ЛУКОВ: (Упаѓа за да го спречи лизгањето на разговорот по стрмнината која не му е пријатна.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сето тоа изгледаше како една журка да упаѓа во друга.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
ДЕПА: (упаѓа). Куршум ги дупнал, та ако нема заби од нив да не бара тие да му жвакаат!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: (упаѓа). Морее Панде, што ти требаше да кажуваш вакви муабети, да ги ставаш луѓево во мерак?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Долу, на плоштадот, црните џуџиња безглаво се движат, се мешаат, упаѓаат еден во друг, се двојат – на точно омеѓениот простор на положената дланка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)